Безбедноста на малите деца во автомобилите е најважна, па затоа седиштето за деца е една од најважните работи што мора да ги имате, без разлика дали се работи за бебе или малку поголемо дете. Лесно е да се прифати понудата од пријателот да го искористите седиштето од неговото дете за вашето бебе. Сепак, она што малкумина го знаат е дека седиштата за автомобили имаат рок на траење помеѓу 6 и 10 години од датумот на производство. Некои производители го наведуваат датумот на истекување под или на задниот дел од седиштето, додека некои го наведуваат во упатството за употреба.

Штом се вгради седиштето во возилото, тоа може да биде изложено на високи температури, како и високо ниво на светлина, па може да настанат одредени промени.

Пластиката има рок на траење, ремените со кои е врзано детето имаат рок на траење, токата е веќе користена безброј пати… Седиштето во автомобилот почнува да бледнее, има микропукнатини кои не се видливи со голо око, но се многу важни за безбедноста на вашето дете.

Производителите на автомобилски седишта не сметаат на фактот дека тие ќе се користат повеќе од десет години, затоа нема тестови за издржливост на стари и користени седишта за автомобили. Ова значи дека не постои сигурен начин да се знае во каква состојба ќе биде седиштето по неколкугодишно користење, што претставува потенцијален ризик.

Почитувањето на рокот на употреба е, пред сè, препорака – никој нема да ве казни за користење старо седиште, но секогаш е препорачливо, доколку е можно, да користите ново седиште за да бидете што е можно посигурни во неговата исправност.

Извор



912

X