Кралската балетска школа ѝ стави крај на традицијата на мерење на балерините и балетаните. Светски познатото британско училиште за класичен балет доби голем број пофалби за овој потег.

Школата ја посетуваат танчари на возраст од 11 до 19 години. Секое утро морале да се мерат, а сега веќе тоа нема да биде дел од практиката.

-На танчарите им беше кажано дека не смеат да имаат ниту грам повеќе од одредената тежина, па мораа да се мерат секое утро пред тренинг. Бидејќи движењето за „боди позитивити“ е во полн ек, тоа сега престана да се практикува – открил анонимен извор за британските медиуми.

Портпаролот на Кралската балетска школа во меѓувреме потврдил дека повеќе не се одржуваат дневни мерења. Инаку, Кралската балетска школа се фокусира исклучиво на талентот и е почитувана поради престижот и ригорозните програми.

Извор



912

X