Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потврди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“.

Во исто време, едно дете со ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари евидентирани се 72 нови случаи на ковид-19 во државава.

Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.

– Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година – додаде Поповска.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, за МИА рече дека три случаи на пертусис – голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.

Извор: МИА



912

X