Дали чувствувате болки во грбот за време на бременоста? Ако е така, не сте сами. Се проценува дека од 50 до 80% од идните родители го трпат овој многу вообичаен симптом. И додека повеќето бремени жени чувствуваат болка во долниот дел на грбот, некои пријавуваат болка во горниот дел од грбот, вратот и рамената.

„Додека болката во горниот дел на грбот за време на бременоста е поретка за разлика од болката во долниот дел на грбот, таа сепак може да се појавува“, вели Апурва Шах, доктор на науки, гинеколог-акушер од Бостон. „Повеќето жени ја опишуваат како досадна, но интензивна болка, болка која често е доволно силна за да ја ограничи способноста за функционирање“.

Значи, што предизвикува болка во горниот дел на грбот во бременоста и што е уште поважно, како можете да ја ублажите? Ова е сè што треба да знаете за тоа:

Кога започнуваат болките во горниот дел од грбот во бременоста?

Додека бремените жени може да доживеат болки и генерализирана непријатност во секое време, болката во горниот дел на грбот за време на бременоста обично ги погодува оние во првото и во третото тромесечје. Зошто?

Па, можете за тоа да му се заблагодарите на зголемениот стрес и хормоналните напливи, вели д-р Мишел Там Мец, гинеколог-акушер, клинички професор во болницата „Маунт Синај“, Њујорк.

Во третото тромесечје веројатно за тоа се виновни големината на градите и променливиот центар на гравитација.

Какво е чувството на болка во горниот дел од грбот за време на бременоста?

Почнувајќи од длабока болка до остра болка, таа може да се манифестира на неколку начини во текот на бременоста. Може да се појави и на едната или на двете страни. Најдобро е да разговарате со лекар за болката што ја доживувате. Лекарите можат да понудат совети како да се третирате, како и да исклучат некои поголеми грижи или сомневања.

Причини за болки во горниот дел на грбот за време на бременоста

Постојат многу потенцијални причини за болки во горниот дел на грбот во бременоста. Тие можат да вклучуваат:

Стрес и хормонални промени – хормонот релаксин, на пример, го подготвува телото за бременост и породување, но може да предизвика и некои несакани ефекти, како болки во телото.

„Хормоналните промени за време на бременоста, исто така, може да предизвикаат олабавување на лигаментите и мускулниот тонус, предизвикувајќи ги да работат понапорно – а со тоа дополнително доведувајќи до болка“, вели Кесија Гајтер, доктор на науки, гинеколог-акушер од Њујорк.

Растење на градите – поголемата маса на градите може да предизвика и болка во горниот дел од грбот. Според д-р Гајтер, зголемениот обем на градите може да додаде тежина, менувајќи го држењето на телото, зголемувајќи ја работата на мускулите и оптоварувајќи го горниот дел од грбот.

Промени на матката и поголема телесна маса – овие фактори можат да предизвикаат грчеви или напнатост на горниот дел од грбот. „Како што матката расте нагоре и нанадвор, усогласувањето на ‘рбетниот столб го поместува центарот на гравитација“, забележува д-р Гајтер. -Постои бременост која доведува до искривување на ‘рбетот кон внатре. Мускулни грчеви може да се појават поради оваа промена, покрај промената на телесната маса заради бременоста, што предизвикува појава на болка.

Како да се намали болката во горниот дел на грбот за време на бременоста

Додека болката во горниот дел на грбот е вообичаена за време на бременоста, сепак, можно е да си дадете и одредено олеснување. „Акупунктурата и вежбите за зајакнување се корисни за ублажување на болките во грбот“, сугерира д-р Там Мец.

Обувките за поддршка на ‘рбетот и добриот градник, исто така, можат да направат голема разлика, особено ако болката во горниот дел на грбот се должи на зголемената маса на градите.

Неколку други работи што треба да се земат предвид:

Пренатална масажа – некои експерти предлагаат пренатална масажа за ублажување на симптомите. Но, погрижете се да резервирате кај професионалец кој е сертифициран за такво нешто.
Топли или ладни облоги – ставање ладни или топли облоги околу 15 минути е во ред, но погрижете се да не ги нанесувате директно на кожата.
Лекови против болки – ако непријатноста опстојува и многу влијае врз вашето секојдневие, не плашете се да прашате лекар и за лекови против болки, кои се безбедни за земање кога сте бремени.
Редовно вежбајте и истегнувајте се – Ако вашиот доктор вели дека е во ред, одлучете се за некоја лесна физичка активност, како што се пренатална јога и истегнување.
Добро држење на телото – стоењето исправено со рамената кон назад може да ги ублажи напнатоста и стресот. Важно е да одржувате добро држење и кога седите, затоа погрижете се да имате добра лумбална потпора и да седите со стапалата рамни на земја. Одржувајте добра положба и кога спиете.

Кога да побарате помош за болките во горниот дел на грбот во бременоста

И покрај тоа што е главен извор на непријатност, болката во горниот дел на грбот за време на бременоста обично не е сериозен проблем. „Болката во грбот за време на бременоста не е причина за загриженост, освен ако значително не ве попречува во вашите секојдневни активности“, вели Синтија Флин, гинеколог-акушер од Флорида.

Па така, ако болката во грбот е постојана или сериозно влијае врз квалитетот на вашиот живот, треба да разговарате за тоа со лекар.

Имајте на ум, болките во грбот може да укажуваат на проблем. „Некои состојби може да се манифестираат со болки во грбот, како што се заболување на црниот дроб или инфекција на белите дробови, затоа секогаш погрижете се да се проверите кај вашиот лекар“, вели д-р Там Мец.

Автор: Кимберли Запата

Извор



912

X