Сите ние понекогаш грешиме, па и Дедо Мраз. Иако поделбата на добри и лоши деца е забавна за многумина, таа не е најдобрата категоризација за децата и воопшто не е корисна.

Декември често е одличен месец за плашење, условување и уценување на децата.

Но, ако зборуваме за тоа како влијае врз децата од нивна перспектива, сè ќе ни биде јасно. Имено, ќе разбереме дека оваа категоризација на децата како „добри“ и „лоши“ е едноставно лоша и дека речиси секогаш треба да се трудиме да ја избегнуваме. Освен во декември, поради Дедо Мраз и неговата листа.

Некои експерти за ментално здравје се согласуваат дека карактеризирањето на децата како „добри“ или „лоши“ на списокот може да го ограничи нивниот личен развој, да го засрами детето и да не го поттикне посакуваното однесување – иако тоа е нашата вистинска цел.

За ова на својот инстаграм-профил предупреди Чаз Луис, експерт посветен на подучување на родителите и наставниците. Да им се закануваш на децата со списокот со лоши и добри е погрешно и манипулативно, смета тој.

– Сè уште можете да ги спроведете сите ваши забавни традиции без да го лажете вашето дете за да манипулирате со него – вели тој.

Експертите за ментално здравје размислувале за ова пред неколку години, обрнале внимание на оваа категоризација и ја окарактеризирале како лоша и несоодветна. Дошле до заклучок дека ова е навистина лошо за децата, а по тој повод објавија и јавно обраќање на Дедо Мраз. Видеокампањата од 2019 година се нарекува „Порака на Дедо Мраз за менталното здравје“ и беше објавена од Националното здружение за ментални болести.

– Мислам дека згрешив. Имав добра намера, начин да се мотивира доброто однесување, да се воведе ред во подарувањето, да се поедностави испораката, но „лош“ или „добар“ – како децата да немаат доволно причини за грижа, но јас сепак судам без контекст, без перспектива, без никаков докторат по психологија. Дали го осудив секое дете кое и онака се чувствува како несоодветна играчка?

Дедо Мраз продолжува со својата интроспекција, па се прашува дали целосно погрешил со оваа класификација „лош“ и „добар“ и дали е можно некој да е само „нервозен или добар“ или „не се чувствува удобно во своја кожа или добар“ или „лут, но не знае зошто…

Дедо Мраз не доаѓа до универзален заклучок, туку размислува дали навистина згрешил со таа фамозна листа.

– Начинот на кој разговараме со децата е важен, секогаш, вклучително и за време на празниците. Она што е важно да се направи е да се стави до знаење дека „лош“ или „добар“ не е такво однесување засекогаш и дека на него може да се работи и дека всушност учиме во текот на животот – велат експертите.

Извор



912

X