Традиционалните имиња за бебиња родени во зимските месеци имаат длабоко значење и го одразуваат богатството на културата и историјата. Најдовме четири имиња кои ја отсликуваат убавината и уникатноста на зимата, славењето на животот и поврзаноста со природата и традицијата.
Снежана
Името Снежана е создадено за девојчиња родени во зима. Добиено од зборот „снег“, ова име ги симболизира чистотата и невиноста, исто како и првиот снег што ја покрива земјата. Името Снежана било најпопуларно од 1969 до 1973 година, кога се родени околу 26 отсто од луѓето со ова име.
Божидар
Божидар, име кое често им се дава на момчињата родени во декември, буквално значи „Божји дар“. Тоа е име кое семејствата го избираат за да го почитуваат духот на Божиќ, празникот на дарувањето и семејната љубов. Ова име беше најпопуларно од 1939 до 1949 година.
Весна
Иако името Весна почесто се поврзува со пролетта, популарно е и кај девојчињата родени кон крајот на зимата. Симболизира обнова и нов живот, како предвесник на пролетта што следува по студената зима. Најпопуларната година за ова име беше 1960 година.
Искра
Името Искра ги отсликува сјајот и магијата на зимските ноќи. Претставува искра на радост и светлина во долгите зимски вечери и е идеален избор за девојчиња родени во зима. Името Искра беше најпопуларно од 1947 до 1959 година.
912