Воспитување

Џулија Робертс имала строги правила за мобилните телефони во домот

Без разлика на тоа со каква работа се занимаваме, без разлика што сме правеле во животот и каде сме отишле и сме се вратиле – кога ќе дојдеме дома, сепак сме, пред сè, мајки. Но, сакаме да слушаме како тоа функционира со некои мајки кои се во сосема различни животни средини, кои водат сосема поинаков живот од нашиот. Сакаме да знаеме дека и тие се мајки и дека ги водат истите битки како нас. Па, сакаме да слушнеме, на пример, каква е Џулија Робертс како мајка.

Иако нејзините деца се блиску до тоа веќе да не бидат деца, туку возрасни, од кои две се веќе на факултет, па не живеат дома, тие сè уште се нејзини деца. Оваа обожавана „оскаровка“ ги има 19-годишните близнаци Хејзел и Финеус (Фин) и 16-годишниот син Хенри со нејзиниот сопруг Дени Модер.

Џулија Робертс, кога нејзините деца биле помали, била строга кога станува збор за мобилните телефони во домот.

„Имавме неколку едноставни правила. Имаме станица за полнење на телефоните и сите мобилни телефони одат на станицата кога ќе се вратите дома. Нема телефон на масата, дефинитивно“, изјавила Џулија во интервју по повод објавувањето на нејзиниот нов филм на „Нетфликс“. Иако децата сега се пораснати, Џулија вели дека не е многу променет нејзиниот пристап кон воспитувањето и грижата за нив, дури и сега кога тие не се постојано под нејзиниот покрив, туку одат на факултет.

-Ги воспитувам на ист начин кога не се дома како и кога се. Тоа е, знаете веќе: „Дали спиете доволно?“ и „Звучиш како да си болен/а“ и „Дали пиеш чај?“ и „Пратете ми порака кога ќе се вратите дома за да знам дека сте живи и здрави“ – рекла таа, додавајќи дека знае колку е среќна што сепак ја сфаќаат сериозно.

„Ги ценам неизмерно и двете мои постари деца затоа што сепак ми дозволуваат да им бидам истата мајка, не превртуваат со очите и имаат огромно разбирање“.

Кога Џулија патува поради работата, постарите деца се на факултет на различни места, сопругот е дома со најмалото дете, а потоа сите се гледаат и разговараат заедно користејќи ја платформата „Фејстајм“. „Тоа е многу забавно. Сите сме многу среќни што сме заедно на тој начин и што сме сè уште толку длабоко вљубени едни во други“.

Извор

Поврзани написи

To top