Докторката Рене Хондеркамп ја родила својата ќерка Алис на 51 година. Кога на 50-годишна возраст му кажала на својот син дека е бремена, тој бил шокиран.

Синот го родив на 21 година, а планирав да родам уште едно дете на 51 година, кога повеќето размислуваат за внуци, а не за уште една рунда од бескрајно менување пелени и непроспиени ноќи. Двете бремености со разлика од 30 години ми дадоа можност да ги споредам бременоста и мајчинството со разлика од три децении и покрај сите критики упатени кон постарите мајки како мене. Можам да кажам дека тоа што родив дете во моите 50-ти е најдоброто нешто што некогаш сум го направила – вели таа.

– Би рекла дека овој пат целиот процес беше полесен, имам повеќе време, трпение, верба во себе и, секако, сега сум подобра мајка отколку пред 30 години. Ме лути начинот на кој понекогаш се критикуваат постарите мајки. Луѓето претпоставуваат дека ќе бидете целосно исцрпени и премногу стари за да се справите со искушенијата и неволјите на тинејџерите, но тоа е сосема погрешно – вели таа.

Таа вели дека доцната бременост ќе стане стандард. Како општ лекар, секогаш на своите пациенти им вели да не губат надеж, нагласувајќи дека никогаш не е доцна. Жените имаат опции кои вклучуваат природна бременост, замрзнати јајца или ембриони или донаторски јајца или ембриони.

– Мило ми е што гледам дека сѐ повеќе жени се одлучуваат за ова. Многу постари мајки со кои зборувам се согласуваат дека се подобри родители на 50 години отколку на 20. Сепак, постарите жени обично се критикувани, додека мажите кои станале татковци во подоцнежни години не се соочуваат со такви критики. Мојата бременост со Калум, која сега има 34 години, не беше планирана. Бев со татко му пет години, но двајцата бевме многу млади, тој имаше 24 години, а јас само 21 година. Се разделивме прилично брзо откако се роди Калум, иако останавме пријатели и тој секогаш играше важна улога во нашите животи – вели таа, која во тоа време беше самохрана мајка со хипотека за плаќање и немала друг избор освен да се врати на работа кога син ѝ имал само 28 дена.

Нејзината кариера напредувала многу брзо.

– Кога Калум имаше 12 години, решив да ја променам кариерата и да студирам медицина. Таму го запознав мојот партнер Колин, кој е хирург. Јас имав 43, а тој 50, а тој беше разведен со пет деца, па заедно со Калум бевме едно големо среќно семејство. Моите две најдобри другарки се породија на 43 и 49 години, па имав силна верба. И ако размислите добро, за оние што сакаат дете, а не можат да зачнат по природен пат, има многу опции – рече таа.

За неа, здравата бременост беше состојба на умот, таа одби да верува дека ќе биде тешко на 50 години. Таа беше решена да го направи тоа како што треба. Иако првично била упатена во оддел за бременост со висок ризик во Лондон, лекарите ја отпуштиле истиот ден, велејќи дека е во значително подобра форма од повеќето 30-годишни мајки.

– Мислам дека изгледам помладо, па веројатно нема да ме препознаете како постара мајка – вели Рене, која работи како општ лекар и, иако пријателите и семејството знаеле, одлучила да ја задржи бременоста само за себе, до 24. недела.

Се породила со царски рез, во 38. недела, а дома се вратила во рок од 18 часа по породувањето, а два дена подоцна отишла на шопинг.

Извор



912

X