Еден од најпознатите обичаи на Балканот е давање злато на детето со надеж дека тоа ќе му обезбеди благосостојба во животот.
Ова се обичаите во другите делови од светот
Шкотска
Ема имала пет недели кога добила паричка од нејзината баба – обичај кој треба да му обезбеди среќа и бериќет. Освен бабата, паричка оставаат и другите членови на семејството и пријателите. Паричката се става во дланката на бебето или во количката.
Шведска
Традиција во Шведска е таткото да ја пресече папочната врвца на своето новороденче, а потоа го става бебето на градите на мајката.
Јапонија
„Окуизоме“ е церемонија за детето и семејна традиција која се одржува во домот кога бебето ќе наполни 100 дена. Целта е да се обезбеди детето никогаш да не остане без храна во текот на неговиот живот. Семејството подготвува традиционални јапонски јадења кои имаат симболично значење, па го хранат детето.
Мадагаскар
По раѓањето на детето, жената носи маска за лице што ги штити и неа и бебето од зли духови. Го носи додека го држи бебето в раце. Маската е направена од мелени гранчиња од сандалово дрво и вода така што се добива густа смеса која потоа се нанесува на лицето. Маската обично ја нанесува член на семејството, како сестрата или мајката.
Индија
На очните капаци на бебето се нанесува специјална смеса која е направена од густа црна паста, т.н кола или кајал, која освен на очниот капак може да се стави и како точка на челото на детето или како црта покрај очите. Освен што штити од зли духови, овој обичај служи и за заштита од инфекции и силна сончева светлина.
Замбија
Мајката го капе бебето во течност направена од корења на дрвја, за која во тие делови се верува дека го чува здравјето на бебето и го штити од зли духови. Ова се прави додека бебето не наполни три месеци.
Уганда
Целото семејство го благословува новороденчето со кора од посебен вид дрво, кое три часа стоело во вода, а потоа се вадат „жици“ од дрвото кои се ставаат околу зглобот, глуждовите, вратот и половината на бебето.
Таа вода потоа се истура во оградениот простор каде што живеат животните. Ако е девојче, тоа симболизира благослов што треба да обезбеди уште повеќе крави во таа област на денот на нејзината свадба. На момчето треба да му обезбеди богатство во вид на многу крави.
Малави
За новата мајка се подготвува специјална каша од соја, пченкарно брашно и шеќер. Се смета дека ја дава потребната енергија по породувањето. Таа каша ја јаде секое утро во период од една недела.
912