Родителите со повеќе деца знаат дека секое дете е различно, секое има свои потреби и на секое различно му пристапуваат. Но, исто така, секоја мајка знае дека најмалото дете секогаш бара најмногу внимание, најмногу грижа, најмногу време. Ни се чини дека најмалото дете е единственото на кое му требаме.

Често во сето ова некако забораваме дека на најстарото дете му требаме исто толку. Можеби не треба да му смениме пелена или да му помогнеме да јаде, но потребата за прегратки не е нешто што исчезнува. Можеби е малку намалена, можеби некако поинаку ги перципираме, но всушност прегратките и гушкањата се нешто што сепак треба да го применуваме, дури и со најстарите деца.

Токму една мајка посвети видео на „Тик-ток“ на оваа тема и рече дека жали што ја изгубила физичката врска со своето најстаро дете, па сега работи на тоа некои од тие моменти со своето најстаро дете да ги врати во нивната рутина.

Кајла Чои сподели дека се сеќава на разговорот со една од нејзините пријателки за физичкиот однос помеѓу неа и нејзиното најстаро дете. Оваа пријателка забележала дека нивната физичка поврзаност се намалувала како што нејзиното дете растело. Кога разговарале за тоа, Кајла рекла дека не може да разбере како ѝ се случило ова на нејзината пријателка.

– Таа рече дека навистина не сака гушкање, бакнежи и нежности со нејзиното најстаро дете бидејќи во нејзината глава повеќе не е дете – вели Кајли.

Во тоа време на Кајли ѝ се чинело чудно, но сега кога има свои деца, сфатила дека всушност го следи истиот образец.

@kylichoi Just Cuddle them. #momlife #momadvice #theoldestsibling #theoldest #parentsoftiktok #fyp ♬ original sound – Kylimomma | Motherhood

– Синоќа сфатив дека не ги правам истите работи со моето најстаро дете, туку го бакнувам и гушкам моето 10-месечно бебе – рече таа, пред да ја објасни причината за тоа.

– Порасна, но и ми рече дека не сака да ја бакнувам. Затоа, ја почитував нејзината телесна автономија, па престанав да ја бакнувам и истовремено престанав да ги правам сите други физички наклонетости – вели Кајли.

Оваа мајка се обвинува себеси, потсетувајќи дека дека по првото породување, работите се промениле за многу брзо време.

– Бев загрижена мајка и не уживав целосно во моето бебе. Си мислев: Кога ќе почне да зборува? Кога ќе почне да оди? Кога ќе почне да игра? На некој начин мислам дека ја брзав да порасне – вели таа.

Кајли ги советува родителите да запомнат дека и првите деца се нивни бебиња и дека треба да ги гушкаат затоа што растат навистина брзо.

Извор



912

X