Нејтан Качер знае како изгледаат знамињата на 65 земји. Самиот се научил да свири пијано. Тој има пет различни верзии на играта „Монопол“ и точно знае колку чини секоја недвижност. И за забава, решава сложени равенки во главата.

Нејтан, или „Детето со броевите“, како што го нарекуваат на „Тик-ток“, има само шест години. Едно од видеата во кое тој множи, собира, одзема, дели и вади корен, практично преку ноќ добило 40.000 прегледи.

Мајката на момчето, Рејчел Качер, и нејзиниот сопруг Мика, се исто така љубители на математиката. Цел ден смислуваат задачи за синот.

@nathanthenumberkid My sweet little math genius six year old! #math #mathtrick ♬ original sound – Rachel Katcher

„Можете да видите како се движат неговите очи додека ги следи и ги визуализира бројките. Тој ги надмина повеќето возрасни луѓе со кои разговара“, истакнала мајката.

Иако е гениј во математиката, Нејтан има и друго хоби, како и неговите врсници.

Извор



912

X