Деветгодишно момче напишало писмо до НАСА нудејќи се за работно место офицер за планетарна заштита. Работната задача би вклучувала уверување дека луѓето не ги контаминираат планетите, астероидите или месечините со кои стапуваме во контакт и обратно. Очигледно се работи за висока техничка позиција, со плата од 6 цифри. Сепак, Џек Дејвис (9) од Њу Џерси аплицирал со писмо до НАСА во кое напишал:

„Драга НАСА,

Моето име е Џек Дејвис и би сакал да аплицирам за позицијата офицер за планетарна заштита. Имам 9 години, но мислам дека одговарам за работата. Една од причините за тоа е што сестра ми ми вели дека сум вонземјанин. Исто така, сум ги видел сите филмови поврзани со вонземјани и вселена. Сум го видел и шоуто „Заштитните агенти“ од Марвел и се надевам дека ќе го гледам филмот – „Мажи во црно“. Одличен сум во игри од областа на научната фантастика. Млад сум, па можам да научам да размислувам како вонземјанин.

Искрено,

Џек Дејвис

Чувар на галаксијата – четврто одделение“.

Ова се неверојатните способности на 9-годишното дете. А планетарниот научен директор на НАСА, Џим Грин, му одговорил на Џек исто така со писмо:

„Слушаме дека си чувар на галаксијата и си заинтересиран да станеш офицер за планетарна заштита во НАСА. Тоа е одлично! Таа позиција е навистина кул, а работата е многу важна. Се работи за заштита на Земјата од малите микроорганизми што ги донесуваме со себе кога земаме примероци од Месечината, Марс и астероидите. Исто така, се работи и за заштита на другите планети од нашите микроорганизми додека го истражуваме Сончевиот Систем.

Секогаш сме во потрага по паметни идни научници и инженери кои во тоа би ни помогнале, па се надевам дека многу ќе учиш и ќе постигнеш успех на училиште за набрзо да те видиме во НАСА“.

фотоизвор: NASA

„Би сакале да ги научиме децата за вселената и да ги инспирираме да бидат следната генерација истражувачи. Мисли на тоа како на асистент за гравитација – поттик кој може позитивно и засекогаш да ја промени насоката на живот кај еден човек, како и на нашиот печат во универзумот“, стои во соопштението за јавноста на НАСА.

Дејвид исто така добил телефонски повик од планетарниот истражувачки директор на НАСА, Џонатан Рал, кој се јавил да му честита на храброста и мотивацијата.

Извор



912

X