Барбара Хигинс, 57-годишна учителка од Њу Хемпшир, неодамна родила здраво момче. Со неговото раѓање Хигинс стана една од најстарите мајки во САД.

– Ги победивме прогнозите – вели нејзиниот сопруг Кени Банжоф, истакнувајќи дека тој е неверојатно горд на неа.

Барбара спортувала цел живот и верува дека активниот животен стил и добрите гени се одговорни за олеснување на нејзината бременост. Покрај тоа, таа тврди дека кревала тегови дури и на денот кога се породила.

Во 2016 година Хигинс и Банжоф се соочиле со загуба на нивната 13-годишна ќерка Моли.

– Кога Моли наполни 13 години, ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот. Почина ненадејно – вели Барбара.

Додека се борела со тагата, сфатила дека повторно сака да стане мајка.

– Почнав да сонувам за мајчинството и мислев дека е малку лудо – вели таа.

Сепак, нејзиниот сопруг се согласил и се обратиле во клиника за ин витро оплодување. На прашањето зошто некој во педесеттите би сакал да роди бебе, тие велат: „А зошто да не?“ Бидејќи веќе се соочиле со загуба на дете, свесни се дека иднината е неизвесна. Затоа истакнуваат дека никој, без оглед на годините, не може со сигурност да каже дека ќе доживее да го гледа растењето на своето дете.

– Не знам каде ќе бидам за 10 години, но дали постои човек што знае? Зошто Џек да не добие можност да живее само затоа што јас сум стара? – вели Барбара, надевајќи се дека нејзината приказна ќе ги охрабри жените кои се борат да забременат и ќе ги потсети дека годините се само број.

Извор



912

X