Линда Блантон Мурад од Тексас е загрижена за својот син, кој мрази да губи, па затоа некогаш не ни почнува да игра.

– Мојот речиси 5-годишен син плаче на училиште, дома и на часовите по танцување ако не е прв во редот или ако не победи во некоја игра. Некогаш не сака да игра игри како бинго, на пример, бидејќи може да изгуби. Дали треба да се загрижам? Сме зборувале за фактот дека луѓето не можат секогаш да победуваат – вели Линда.

Одговор: Како и твојот син, и јас не сакам да играм игри во кои можам ќе изгубам. Имам 38 години, па немам изливи на емоции поради тоа, но сепак нема да ме најдете на тениските терени. Експертите со кои се консултирав за твојот проблем се согласуваат: Справувањето со натпреварувачките пориви е доживотен процес кај луѓето, а она низ што поминува твојот син е во еден дел развојна фаза, а во друг дел карактерна борба.

Да почнеме со развојниот дел од сето тоа – возраста од 5 години е период кога децата започнуваат да ги помнат правилата на игрите и потребна е целата нивна ментална енергија за да ги почитуваат тие правила, вели Сели Бевил Хантер, клинички професор на детски и семејни студии во Универзитетот во Тенеси, Ноксвил.

Ако некој друг има повеќе од нив, на децата не им се допаѓа тоа

Правилата се важни за нив, па не е задача само да ги запомнат, туку ги вознемирува и ако ги згрешат. Д-р Хантер го дава примерот за играње фудбал меѓу млади деца. Ако некогаш сте ги набљудувале децата во градинка, тие само се врткаат околу топката – немаат чувство за позиција, стратегија или движење. И често се „скршени“ кога сфаќаат дека дале гол во погрешна мрежа. Емоционално, децата учат да ги регулираат своите чувства во градинка и во основно образование, но тогаш само што почнале да ја сфаќаат праведноста и фер плејот. Околу 5 години, тенденцијата да покажуваат натпреварувачки дух не е целосно дојдена во допир со емпатијата, вели Крис Мур, професор во одделот за психологија и неврологија на Универзитетот „Далхаус“ во Халифакс.

Д-р Мур опишува експеримент каде што на децата им е даден избор: може да имаат еден стикер, а друго дете исто така да добие еден стикер. Може да имаат 2 стикери, а другото дете да добие 3 стикери. Иако второто сценарио на детето му дава повеќе стикери, 5-годишните деца повеќе го одбираат првото сценарио.

„Ако некој друг има повеќе од нив, на децата не им се допаѓа тоа“, вели д-р Мур.

Сега кога утврдивме дека однесувањето на детето е типично за тој развоен период, може да се зборува за тоа како да му помогнете во справувањето со чувствата.

Беки Кенеди, клинички психолог од Њујорк, предлага да го подготвите пред да започне некоја игра или активност во која има губење и победување. Може да кажете нешто како: „Сега ќе играме игра каде што некој ќе победи, а некој ќе изгуби и тоа не е лесно. Кога губам, се вознемирувам“. Ако му кажете на детето дека тоа е однесување со кое и вие се борите, може да му помогне да се чувствува помалку засрамено и да ја свртите ситуацијата во насока на решавање на проблемот. Можете да додадете: „Не можам да се ослободам од тоа лошо чувство, но можам да дишам длабоко и да се потсетам себеси дека можам да се справувам со тешки работи“ – вели д-р Кенеди.

Ако вие сте личноста што игра со своето дете, може да продолжите да зборувате со него низ потенцијалното губење, вели д-р Кенеди. Целта е да го забавите. Па ако сте на два потега од победа, треба да му го потенцирате тоа на детето и да му поставите прашања како: „Што ќе се случи ако победам? Мислиш дека ќе сакаш да кажеш – не е фер?

Ако играат игри со други деца, со тек на времето ќе станат подобри во однос на начинот на кој нивното однесување влијае врз врсниците, вели д-р Хантер. Децата почнуваат да сфаќаат дека ако имаат излив на емоции за време на одморот во прво одделение, другите деца ќе ги сметаат за смешни и тие ќе се засрамат. Но, ако научат да се контролираат пред другите, тоа не значи дека не треба да се вознемират откако ќе изгубат.

– Има деца што имаат порив за натпреварување, а тоа е нешто што може да остане кај нив целиот живот. Јас сум сè уште лута за вирутелниот меч во кој изгубив, а играв со сопругот… во јуни. Сето тоа е совршено нормална човечка будалштина – вели д-р Мур.

Автор: Џесика Грос

Извор



912

X