Претпоставувајќи дека сте мајка, веројатно не ви се непознати овие настани:

– Давате многу и правите многу за другите, секој ден.
– Поминувате недели без паузи, па избувнувате на вашите деца или партнер.
– Сфаќате дека дека веќе дооолго време ви е потребно малку да бидете сами или да отпатувате некаде сами.
– Поминувате низ ментални, емоционални и логистички предизвици и конечно „излегувате“ од денот самите како што знаете и умеете.
– Купувате ново списание, земате свеќи и кристали, ја вадите подлогата за јога, правите нова плеј-листа и се присилувате да ја сведете листата со книги на три изданија кои копнеете да ги прочитате.
– Речиси сте го откажале состанокот со себеси бидејќи потребите на другите околу вас се многу големи и интензивни. Дел од вас дури и се прашува дали ќе бидат добри без вас.
– Конечно сте сами цело попладне и имате енергија само за „скролање“, доволно јога-вежби само за да ве потсетат дека не сте целосно надвор од форма, читате само едно поглавје од книгата која знаете дека нема да ја прочитате никогаш и се прашувате како успеавте да најдете и толку малку време за себе.
– Му се враќате на семејството повеќе обесхрабрени и поразени отколку пред да заминете, само за да бидете поздравени со итни барања, неуреден дом и партнер на кој сега му е потребна пауза.

Можеби е до вас. Или можеби сте дипломирале веќе на оваа фаза, па конечно се борите за вашите потреби, но сè уште имате тешкотии да пристапите кон креативноста и изнаоѓањето начини за повторно поврзување со себе. Но, тука сум да ви кажам нешто, драги мајки:

Има многу причини зошто не искористувате најмногу од вашето време поминато насамо, а вашата лична несоодветност не е една од нив.

Еве што научив од децениско искуство на самосаботирање на времето поминато насамо, но и со сведочење на стотици паметни, страсни клиенти кои исто така се мајки:

Не го саботираме нашето време насамо. Само изгледа така бидејќи вистинските причини за нашите непродуктивно фрустрирачки неколку часа поминати сами со себе се како многу други неоптимални мајчински реалности – скриени зад лагата дека нешто не е во ред со нас. Ова е почеток кон повистинската приказна:

Имаме многу потреби што не ни се задоволени, а толку малку време. Нашата култура не само што очекува мајките бескрајно да даваат туку и ги брише нашите потреби од сликата, или очекува да ги задоволиме нашите потреби преку консумирање, кога се работи за нешта како поддршка од заедницата, конекција, чувство на припадност и слично. Се разбира дека се обидуваме да вметнеме премногу активности во нашето време поминато насамо. Се чувствуваме толку очајни да успееме барем во една, но многу основни потреби не се задоволени во тој систем.

– Се задоволуваме со трошки. Не можам ниту да опишам колку клиенти со кои работев се чувствуваат вредни за посветување малку време на себе – планираат и ги прашуваат партнерите за дозволен минимум. Едноставно бараме трошки кога сме прегладнети и не знаеме кога ќе јадеме пак. Не е ниту блиску до задоволување на потребите, туку едноставно се осветлува фактот дека сме „неухранети“.

Нашиот нервен систем има потреба да се опушти. На нашиот нервен систем му треба време да се врати на порегулирачка состојба. Не е реалистично да се очекува инстантна продуктивност, креативност по недели и месеци константна прекумерна стимулација.

Нашата тага конечно може да излезе кога сме сами. Тешко е да се најде простор за жалење кога сте постојано опкружени со децата, па често мајките не го ни сфаќаат нивото на потисната тага и лутина додека не бидат конечно сами. Некогаш не ни знаеме зошто сме во болка, па често тоа чувство го мешаме со неблагодарност или необјаснива депресија и се обвинуваме поради тоа. И тогаш, нашето време насамо е завршено.

– Креативноста вообичаено ја нема во места полни со стрес. Креативноста се раѓа во слободата и големиот простор. Потекнува од тивките места во нас и се прикажува само кога хаосот ќе се смири. Очекувањето да бидеме креативни, без да ги земеме предвид нашите емоционални или ментални состојби, е нереалистично.

Знаеме дека во нас е лекот. Верувам дека лекот кој на овој свет му треба најмногу е заробен во мајките, а многумина од нас ја чувствуваат оваа вистина во своите коски. Тоа сознание може да доведе до чувство на очај, на одговорност и итност да се биде корисен, како и да се биде во служба на саканите. Верувам дека не можеме да се присилуваме себеси, но мораме да создадеме повеќе слобода и простор за себеси.

Скапо плаќаме кога им се враќаме на нашите семејства. Мразам што ова е вистина, но многу партнери на мои клиенти не сфаќаат каква шлаканица е кога мајките се враќаат дома во неуредни домови и кај несреќни деца. Како да се казнети што одвоиле малку време за себе.

Стануваме реактивни наместо проактивни. Модерното мајчинство има потреба од константна реактивност и респонзивност. Тоа прави да биде тешко да се знае што да се прави со себе кога никој не бара ништо од нас.

Нашиот внатрешен критички глас станува сè погласен. „Зошто воопшто земаш време за себе ако само го трошиш седејќи на телефон?“ „Зарем не треба да правиш нешто за себе? Му рече дека земаш пауза за да напредува твојот бизнис“. Присутноста на внатрешниот критичар предизвикува „смрзнување“, што не само што ја намалува продуктивноста, туку прави да биде и невозможно да се одморите или да уживате во времето насамо.

Постојано сме во нашите глави. Излегувањето од нашите глави и мисли е важно за кој било процес на заздравување или креативно патување. Потребно е време и пракса за да може да се процесира оваа мудрост.

Ни треба време за интеграција. Напорната работа, предизвиците се ретко проследени со интегрирање на искуствата кои сме ги доживеале. Верувам дека тоа доведува до емоционална репресија или експлозии, па таа интеграција е всушност она што се случува кога ќе земеме малку време за себе и ќе завршиме само со зјапање во ѕид како единствена активност.

Нашите емоции се толку интензивни. Кога конечно искусувате малку мир, тоа може да придонесе да излезат на површина многуте емоции кои се во вас и сте се обидувале да ги потиснете.

Нашата самодоверба е компромитирана. Многу мајки дознаваат дека всушност им недостига самодоверба кога ќе одвојат малку време за себе.

Се бориме со „сингл-таскинг“. Верувам дека сите се соочуваат со проблем кога треба да направат само една работа наместо повеќе како вообичаено. Нашите умови се навикнати за повеќе работи одеднаш, па фокусирањето на една работа ни станува тешко.

Нашите малечки се длабоко поврзани со нас. Верувам дека малечките деца имаат потреба и се судени да се поврзат со еден или со двајцата родители. Но, поврзувањето со возрасни лица станува попредизвикувачко кога на мајката ѝ е потребна пауза од стресот, бидејќи често се обвинува себеси што се одвојува од детето.

Верувам дека пандемијата е критичен период за родителите и дека имаме уште еден тон работи да постигнеме како мајки, на долгорочен план, ако останеме фокусирани на следното: култивирање на себесочувство, препознавање на сопствените чувства без нивно потиснување и минимизирање, обрнување внимание на нашата лутина и тага, препознавање и сфаќање на нашите потреби, градење отпорност, препознавање на важноста на одморот, одбивање да се препуштате на токсичните мисли и чувствата на вина повторно и повторно.

Будистичката метафора за втората стрела ми паѓа на ум кога мислам на мајките кои се обвинуваат себеси што не го користат времето за себе „ефикасно“. Лошата реалност е првата стрела (предизвиците, стресните настани и слично). Втората стрела доаѓа од реакциите кои ги имаме на лошите околности. Кога нашата реакција на реалноста за нашето „непродуктивно“ време насамо е обвинување на себеси што сме биле „неефикасни“ или „мрзливи“, ние ја лансираме втората стрела на себеси. Дозволете да ја блокирам таа втора стрела…

Не го саботирате вашето време насамо, мајки. Вие давате сè од себе во сериозни неповолни околности. Фактот дека е тешко да се задоволат вашите потреби во моментов не значи дека не сте доволно вредни за да ги задоволите, а тоа сигурно не значи дека вашите соништа не сте вредни за сонување. Вредни сте, и тоа толку многу колку и вашите соништа. Не можеме секогаш да контролираме дали ќе бидеме погодени со првите стрели на животот. Но, со одбивање да ги лансираме вторите стрели кон себеси, ние драматично го намалуваме бројот на рани, што ни зачувува повеќе сила за креирање свет каде што првите стрели се помалку распространети, исто така.

Храбра љубов и нежна почит за сите мајки во светот.

Автор: Бет Бери

Извор



912

X