Мојата ќерка е дива. Способна е да истрча на улица ако не ја фатам за рака. Си ја потстрижува косата секојпат кога ќе најде ножици. Прави што сака и не слуша никого. И токму таква ја сакам.

Таа е дете со силна волја и не правам речиси ништо за да ја спречам нејзината тврдоглава природа. Не сум попустлив родител; и понатаму имам правила. Но, гледам тие правила да ја остават мојата ќерка да дивее затоа што сакам да ја задржи својата дивост. Сакам нејзиното чувство за себе да стане нераскинливо пред општеството да се обиде да ја замолчи – да ја направи помала, позависна, повеќе во согласност со статус кво состојбата.

Сакам да биде гласна и нескротлива затоа што ако не дозволам да биде најдобрата верзија од себеси, кој ќе дозволи?

Ова не беше она што секогаш го замислувам. Се плашев да имам ќерка. Не сакав да воспитам девојка која ќе му се спротивстави на светот што не ја цени како што ја ценат нејзините браќа. Се сетив на периодот кога јас бев девојка – на претпубертетското жалење, на суптилниот сексизам на наставниците, на тивките несигурности кои се зголемуваат со возраста. Бев самосвесна, исплашена и многу често мажите го дефинираа мојот живот. Не сакав да пораснам ќерка како мене и не бев сигурна дали ќе можам поинаку да ја воспитам.

Тогаш се роди ќерка ми и сè се промени. Таа воопшто не беше како мене; воопшто не можеше да се припитоми. Го знаев тоа од моментот кога ги направи првите чекори. Луѓето често велат дека ќе биде „неволја“ кога ќе порасне, а јас велам: „И да е така, што ако?“ Нека биде неволја во светот. Нека биде малку непослушна. Сакам да биде бунтовник – да се наметне против системот кога ќе треба. Можеби сега ќе ми ја отежне работата како мајка, но вреди да воспитам жена со силна волја.

Мојот син, пак, е забележително помирен и попослушен од мојата ќерка. Верувам дека тоа му е природно така, но морам да кажам дека таков е и поради воспитувањето.

На ќерка ми ѝ давам помалку граници отколку на моите синови бидејќи не сакам да ја скротам за да одговара на очекувањата за тоа каква треба да биде една девојка.

Моите момчиња нема да ја имаат истата привилегија бидејќи светот и онака доволно им допушта.

Ќерка ми ќе мора да се бори за својот глас во светот, додека сите ќе молчат за нејзините браќа. Нивните интереси ќе бидат сериозно сфатени таму каде што мојата ќерка ќе биде доведувана во прашање. Нивната вредност ќе биде веќе стекната, а таа својата ќе мора да ја стекне. Не им треба дополнителната слобода што ѝ ја дадов на ќерка ми – ним општеството веќе им ја даде.

Затоа, ќе го оставам нејзиното јаже малку подолго, ќе ја оставам да вика погласно. Ќе ѝ оставам простор да порасне надвор од кутијата што ги дефинира девојките. Ќе ја пуштам да дивее и ќе се молам да остане дива.

Автор: Гема Хартли

Извор



912

X