Воспитување

Зошто ги терам сите од семејството секојдневно да седнуваме заедно на вечера

Има некои семејни традиции што не останаа во нашето семејство, на пример, кога мојот сопруг, нашиот 4-годишен син и јас се обидувавме да зборуваме за тоа како ни поминал денот, пред спиење. Да се однесе мојот син в кревет одзема време како за цел ден и сè друго освен читање пред спиење, секогаш подразбира тој да направи танцувачка забава – гол.

Притискањето на овој ритуал би не чинел многу непроспиени ноќи, па одлучив да се откажам. Тоа беше битка која знаев дека не можам да ја добијам. Но, наместо да се откажам целосно од таква идеја, смислив нешто друго. А тоа е моето семејство да седнува на вечера заедно секоја вечер, без разлика колку бил напорен или стресен нашиот ден. Секогаш се обидував времето за вечера да биде време за семејството. Откако ги изгледав сите епизоди на серијата „Родителство“, сфатив дека откако моето дете ќе почне да оди во градинка, работите брзо ќе почнат да се менуваат. Тој ќе започне свој живот далеку од мајка си и татко си, ќе стане понезависен и ќе пронајде нови пријатели и активности кои ќе му го окупираат времето. Знаејќи го сето тоа, одлучив да почнам рано со семејните вечери, па да „пресечам“ дека вечерата ќе биде време за семејството и за тоа нема да се преговара.

Додека растев, секогаш семејните вечери беа на крајот од денот. Мојот татко работеше 60 часа неделно, а мојата помала сестра и јас имавме еден тон активности по училиште, но мајка ми секогаш се погрижуваше сите заедно да вечераме. Не се исклучувавме сите пред ТВ или со телефонските повици од пријателите. Седнувавме на маса и без разлика какво расположение имавме во моментот или колку не ни се зборувало за денот, секогаш вечерата завршуваше со споделување приказни, заедничко смеење и подобро меѓусебно запознавање. Некогаш беше здодевно, некогаш изгледаше како задача, а некогаш беше токму тоа што ми требаше во моментот. Го ценам секој спомен од тие моменти.

Сега, кога и јас сум родител, подготвена сум да му здодеам на син ми, да му додевам, да го прашувам за неговиот ден и да се поврзувам со него. Сакам да знае дека поминувањето заедничко време со семејството е приоритет во денот. Сакам да го почувствува истото што и јас кога бев дете, а тоа е мирен тек на љубов и поддршка. Храната и добриот разговор можат да го сторат тоа. Сега, овие семејни вечери не доаѓаат без сопствени предизвици. Да се обидувате да организирате вечера на која сите ќе седнат може да е вистинска битка. Кога вечерата е готова, сопругот одненадеж има свој распоред и сака да лута со мислите, а моето дете се претвора дека е Аладин и дека сака да лета со магичен килим. Единствените што се појавуваат навреме за вечерата се кучињата.


И немам сомнеж дека работите ќе стануваат потешки како што расте син ми, но знам дека морам да настојувам на тоа. Како другите традиции кои ги започнав и ги прекинав, можам да се откажам и од оваа, но нема да го сторам тоа. Сите имаме свои распореди, но не сакам да стане навика и норма да се разминуваме на патот кон кујната. Ова ми е важно. Не се откажувам. Се залагам за оваа семејна традиција, дури и да треба да јадеме во автомобилот некоја вечер додека се вози некаде – сосема е во ред. Знаете зошто? Бидејќи ќе бидеме заедно.

Автор: Тонилин Хорнунг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top