Да се чуе дете како чита книга наглас пред своите врсници во градинка или да се види двегодишно дете како чита зборови во продавница додека мајка му го вози во количка, може да биде појава која ќе го заинтересира речиси секој поминувач. Замислете да имате двегодишно дете кое повторува дијалог од филм од помнење. Сите такви и слични примери не се вообичаена појава и секако се прилично сензационални. Меѓутоа, иако повеќето луѓе мислат дека се работи за надарени деца, ова ретко нарушување се нарекува хиперлексија или „нарушување на паметно дете“.

Привремена способност за читање и помнење

Хиперлексијата е нарушување кое го карактеризира привремена способност на детето за читање и неверојатна способност за помнење, но и значителни тешкотии во разбирањето и користењето на вербалниот јазик, па следствено на тоа и тешкотии во текот на социјалните интеракции. Иако хиперлексијата значи дека детето има способност да чита многу порано отколку што се очекува од него, повеќето деца со овој проблем не може да го разберат значењето на зборовите, па доцнат со развивањето на говорните и социјалните вештини. Многу хиперлексични деца имаат голема опсесија со букви и бројки.

Во својот текст „Хиперлексија: читање предвреме или вештина за спасување“ на д-р Даролд А. Теферт разликува 3 типа хиперлексија.

Тип 1: Се работи за извонредно бистри деца кои сами од себе почнуваат да читаат многу рано. Меѓутоа, кога се проценуваат, не се категоризираат како надарени. Тие веќе читаат на ниво на прво и второ одделение. Но, обично нивните врсници ги стигнуваат како што поминува времето.

Тип 2: Тоа се деца што имаат неверојатни вештини за помнење и читање, но исто така имаат говорни, социјални и бихевиорални вештини карактеристични за деца со аутизам. Па, нивната хиперлексија е всушност способност извонредно да завршуваат една задача, но не и други, што е дел од друга дијагноза. Според Центарот за нарушувања во говорот и јазикот, хиперлексијата би можела да биде поврзана со развојот на учењето.

– Иако хиперлексијата би можела да биде клучен симптом во опишувањето на разликите во учењето кај детето, таа не претставува самостојна дијагноза“, пишува на неговата веб-страница. Од Центарот, исто така, порачуваат дека хиперлексијата постои во континуум со други нарушувања, како нарушувања од аутистичен спектар, говорни нарушувања, како и невербални тешкотии во учењето. Хиперлексичните деца може да имаат и дисфункција на интеграција, нарушување на вниманието и хиперактивност, развојна диспраксија, опсесивно-компулсивно однесување или депресија.

Тип 3: Деца со неверојатни вештини за помнење и рана способност за читање, а понекогаш и со напредни способности во други подрачја. Иако децата може да имаат однесување слично со аутистичното, всушност, немаат аутизам и се друштвени и блиски со членовите на семејството, но резервирани и дистанцирани со врсниците. Со текот на времето нивното однесување слично на аутистичното избледува, но таквите деца и подоцна често претпоставуваат дека нивното искуство со светот е единствено или единствено правилно.

Препознајте ги симптомите поврзани со хиперлексија

-Рана способност за читање во споредба со врсниците
-Тешкотии во разбирањето и употребата на вербален јазик
-Тешкотии во процесирање на вербалниот говор
-Тешкотии во одговарањето на прашања
-Силни вештини за помнење, сфаќање, учење напамет
-Конкретно размислување
-Визуелно учење
-Предизвици кога се во прашање промени во рутини
-Тешкотии со социјални вештини

Идентификацијата на хиперлексијата е најважна кога децата се мали, бидејќи раната интервенција ги зголемува шансите на детето за успех. Иако симптомите се намалуваат со текот на времето – карактеристичниот стил на учење останува и кога ќе биде возрасно.

И додека родителите го слават детскиот ран интерес за учење, важно е да се види колку детето всушност го разбира она што го чита. Исто така, следете го внимателно развојот на говорот, дали детето употребува зборови и фрази во соодветен контекст или само ги повторува, па и дали може да учествува во спонтани вербални размени. Социјалните вештини често се занемарени кај малите деца, но родителите би требало да гледаат дали постои контакт со очите, дали реагира на своето име и дали ужива во игра со врсниците.

И најважното, внимавајте на сензорните проблеми, дали детето е претерано чувствително на светлина, звук, храна или допир или дали често ги прекрива ушите, бега или има чести испади на бес.

Извор

Извор2



912

X