Игротека

Замислете докторот вака да му посака „добре дојде“ на вашето бебе

Млад лекар од Северна Минесота на посебен начин им го честита на родителите доаѓањето на новиот член во нивното семејство. Секоја чест на трудот!

За секое дете за кое ќе помогне да се роди, д-р Ерик Бостром од Здравствениот центар „Ривервуд“ во Аиткин (Минесота) шие ќебенце на кое се впишани името, датумот на раѓање, висината и тежината на бебето.


Оваа симпатична традиција Бостром ја почнал по предлог од една медицинска сестра, набрзо откако му се придружил на медицинскиот тим во тој центар. Барал оригинален начин да привлече пациенти и веруваме дека успеа во тоа. Неговата шурна го научила да шие, па една соба од неговиот стан ја уредил за шиење.

Тој признава дека мислел дека шиењето е многу потешко сè додека не одлучил да научи. За едно ќебенце му требаат 3 часа и засега тоа не му паѓа многу тешко затоа што месечно породува една до две жени.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top