Воспитување

За жената која побара да излезам од ресторанот кога моето бебе плачеше

Сидни Пендерграс е мајка на девојчиња. Еден ден отишла со сопругот и бебето во ресторан на пица. Не би имало ништо необично во приказната ако госпоѓата што седела на масата зад нив не ѝ рекла: „Излези надвор со детето, благодарам!“ Својата лутина, срам и шок, Сидни одлучила да ги сподели со веб-страницата „Модерли“.

„Разбирам. Сте излегле на пица и сте испиле неколку пива со својот партнер. Можеби не сте забележале кога сте седнале на масата дека покрај вас седат родители со мало бебе. Можеби е едноставно – не сте забележале и слушнале кога сте седнале на масата бидејќи музиката била прилично гласна. Знам дека ја слушнавте кога почна да плаче и едвај ми дадовте две минути да се обидам да ја смирам пред да се свртите и да ми кажете: Излези надвор со детето, благодарам!

Толку за нас, жените, кои меѓусебно се поддржуваме.

Текстови од кои се чувствувате како лош родител

Прилично сум сигурна дека не сте слушнале кога го прашавме келнерот да ни ја даде сметката само неколку минути пред вашиот несоодветен коментар. Како што веќе реков, музиката беше доволно гласна, па беше тешко да се слушаат луѓето како зборуваат. Иако останав во шок, станав од масата и отидов надвор додека мојот сопруг ја плаќаше сметката. Немојте да ме разберете погрешно, не излегов заради вас за да имате мир, туку заради бебето. Му требаше воздух за да се смири. Размислував да се вратам во ресторанот и да зборувам со тебе, за да се смирам, доста остро. Да ти кажам дека тоа не е во ред. Да те наречам со не баш убави имиња. Да ти вратам со иста мера. Од тој момент моето дете повторно беше мирно и среќно, а срамот го замени бес. Сакав да се вратам и да ти покажам дека моето бебе е обично среќно дете. Можеби дури и тебе те обвинувам за твоите тешки зборови што ги кажа. Потоа повторно, треба ли воопшто да биде важно дали моето дете е инаку среќно? Сакав да ти објаснам дека всушност е вистинска реткост да излезам од дома, средена и во кошула. Сакав со своите совршено нашминкани усни и очила за сонце да знаеш дека немав ниту време ниту енергија денес да се нашминкам (или кој било ден во последните месеци). Понекогаш обичното туширање ми е големо постигнување.

Сакав да се чувствуваш виновна што ми наметнуваш грижа на совест и ме срамиш затоа што правев нешто друго, а не бев со моето дете дома. И самата си можела да отидеш на друго место, во некој друг ресторан кој не дозволува влез за деца и бебиња. Но, не го сторив тоа заради моето дете. Му реков на сопругот дека е добро што излегол надвор штом платил бидејќи јас бев многу блиску до тоа да се вратам и да направам сцена. Дури и ми понуди тој да го земе детето, а јас да се вратам назад и да кажам сè што мислам. Бев во искушение. Знаев дека нема да можам да кажам сè што сакам од солзи, бес и срам. Веќе не бев ни сигурна што сè сакам да ти кажам.

Сега седам тука, го пишувам ова и дел од мене и понатаму жали што не се вратив во ресторанот. Поголем дел од мене верува дека ни тоа не би ми помогнало да се чувствувам подобро. Една работа што си ја ветив е дека подобро и побрзо ќе се заложам за себеси ако повторно се најдам во таква ситуација. Можеби не си мислела така, но заслужувам да бидам тука исто како и ти. Исто како и моето дете“.

Автор: Сидни Пендерграс

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top