Го слушнав утрово твоето дишење, додека се подготвував за работа, 8 часа надвор од дома, со обврски кои како да се вртат во круг.

Остануваш во пижами бидејќи – зошто би се средувала? Правиш секој ден ист распоред на оброци, проверување на просториите во кои повторно има неред, си ветуваш себеси дека вечерва ќе го завршиш тој разговор со домашните и ќе им објасниш дека кога секој би расчистувал зад себе, ти помалку би се вртела во круг со обврските.

Се сеќаваш на она прашање што често си го поставуваш, најчесто никој да не слушне: Правам ли јас воопшто нешто и што е мојот придонес? Спушти ја таа крпа. Седи. Замижи. Замисли свет во кој ти навистина не го правиш сето она што го правиш. А списокот не би стоел на цела А4-страница. Замисли само еден ден во кој ти кажуваш: Денес навистина не правам ништо. Повторно воздивнување. Постави им на луѓето околу себе прашање: А што кога јас денес би се сопрела?

И набљудувај ги нивните лица. Неверување. Тага. Шок. Неможност да се прифати тој факт. Бидејќи количината на работа што ти ќе ја направиш во текот на денот ја собира во минимум 2 работни дена. И тоа под услов некогаш и малку да спиеш.

Еве идеи за тебе: Земи хартија и пенкало и напиши ги сите работи што ги правиш во текот на денот. Замисли дека е тоа платена работа, со плата и годишен одмор и на секоја од тие активности додели ѝ личност и нејзината професија. Преброј ги лицата кои се потребни за таа работа. Гледаш што се правиш? Јас гледам. И често ти се восхитувам. Гледаат и тие. И не би можеле без тебе. Гледаш и ти, само те убедиле дека сè што правиш се подразбира. Затоа што си дома.

И запомни, вредна си еднакво како и која било вработена мајка. Бидејќи твојот работен ден никогаш не завршува.

Автор: Бранкица Раковиќ

Извор



912

X