„Леле, колку е сладок, дали зборува нешто, мојот Мика на таа возраст го рецитираше ‘Горски венец’, но со екавски изговор, бидејќи сепак е бебе!“

„Леле, колку е сладок така ќелав, мојата Маша се роди со толку густа коса што ѝ правевме пунџа во породилиштето!“

„Леле, многу е убав, тој ползи, мојот Мишо веќе на големо трчаше Белградски маратон на таа возраст!“

И така до недоглед… Дали сте се сретнале со оваа појава на „добронамерни“ муабети со непознати луѓе? И јас прашувам глупости, ако имате бебе сигурно и вие. И како да се борите со тоа?

Тактика број 1:

Да се обвини таткото – „Да, и јас така како мала рецитирав. Горски венец, и тоа со ијекавски изговор, но знаете тој е повеќе на татко му, а тој е знаете малку (па тивко ќе кажете) глупав“. Ќе им биде непријатно, ќе сфатат дека сте саркастични, но нема да имаат што паметно да додадат.

Тактика број 2:

Но абло инглез – почнете да зборувате на некој странски јазик или барем за нив така да звучи и така збунете ги, само внимателно – додека тие се чудат, имате само неколку минути да се извлечете, а оваа тактика е краткотрајна.

Тактика број 3:


-Не знам за што зборувате, ова не е мое бебе…
-Но, вие ја држите количката.
-Јухуу, навистина, јас само се потпрев, мислев клупа е, лелее…

Потоа преправајте се дека повикувате полиција и брзо одведете го бебето во правец на кој полицијата ве навела.

Значи, никогаш немојте да се чувствувате лошо затоа што вашето бебе не прави нешто што го прави друго бебе. Бебињата се исто така луѓе, а луѓето се различни. Не постојат две исти бебиња и не треба да постојат. Некој ќе почне да зборува порано, некој подоцна ќе почне да оди, некој рано ќе почне да ползи, а доцна ќе научи да џвака. Сето тоа е нормално и сосема е во ред што како родител се грижите вашето дете да не доцни во развојот. И веднаш ви кажувам дека за тоа не сте виновни вие, туку неуките луѓе што ги почнуваат речениците со „бебе со Х месеци ТРЕБА“. Тоа е бесмислица. Не треба бебето ништо, тоа прави што сака, кога сака и кога може, а тие табели што сте ги добиле фрлете ги в ѓубре и сакајте го своето дете без разлика што прави, па дури и ако не умее да го рецитира „Горски венец“.

Се разбира, ако имате уште некоја добра тактика, јавете ми!

Автор: Ана Димиќ, мајка

Извор



912

X