„Децата не го зацврстуваат бракот. Таму каде што има добар брак, тој може да стане и подобар со децата. Таму каде што бракот не е добар, станува уште полош. Стабилните бракови се стабилни без разлика на тоа колку деца има. Значи, детето е токму такво каков што е бракот.

Она што ќе одлучи детето погрешно да се развива е недостигот на топлина, сигурност и авторитет кај самите родители. Бидејќи ако детето навистина на почетокот е беспомошно, од кого тоа може да го добие оној прв неопходен импулс кон сигурноста и грижата ако не од родителите. Тоа нема никаков друг критериум за сопствената вредност освен признанието што го добива од својата најблиска околина.

Единственото дете го прима во игра второто дете такво какво што е. Детето за другото е дете. Возрасните гледаат еден на друг онака како што би сакале другите да бидат, или како што би сакале самите да бидат, а бидејќи се уверуваат (ако се уверат) дека луѓето не се такви, тие ги критикуваат, со еден збор, одбиваат да ги примат како рамноправни во играта на возрасните, да ги примат онакви какви што навистина се.

фото: kurir.rs

На малото дете му е повеќе од кога било потребно внимание, друштво, заштита, морално охрабрување и љубов. Претпоставка е дека љубовта всушност се раѓа во раната доба од животот, кога детето ќе почувствува дека неговата потреба за сигурност е релативно задоволена и тоа, пред сè, од страна на мајката која во сето тоа ги внесува своите непосредни и несебични чувства“, вели Владета Јеротиќ, невропсихијатар и психотерапевт.

 

Извор



912

X