Владета Јеротиќ, истакнат академик, невропсихијатар, психотерапевт и книжевник, го насочува вниманието на родителите кон тоа да не ги разгалуваат премногу децата, но и на тоа кога е оправдано да се казни, дисциплинира детето.

– Ако детето и кога сте строги чувствува љубов и ако некогаш го удрите по задникот, тоа нема да остави последици. Ако не почувствува љубов – ќе има последици. А родителите умеат така да се разбеснат… Детето може да порасне во стабилна личност и ако е сигурно во љубовта на само едниот родител.

Мене татко ми знаеше да ме истепа, но само кога нешто ќе згрешев. Беше праведен. Внимавајте, родители, немојте да го казнувате детето ако не утврдите дека е виновно.
Голем проблем, типичен за родителите на Балканот, е постоењето на класичен бинарен семеен пар. Строг, непопустлив, често суров татко и добра, нежна, попустлива мајка на која татковците веќе со генерации ѝ префрлаат дека таквото однесување кон детето развива разгаленост и непослушност. Најлошо е кога таткото ќе го истепа детето, а мајката потоа го зема детето, го гали, му дава чоколада… тоа се нарекува – турски туш. Тоа никако не е добро.

Гледајќи го просторот на поранешна Југославија, децата најмногу се тепани од родителите во Србија, речиси 90 отсто. А наградувањето е речиси непознато.

Не е тешко да се извлечат заклучоци за развојот на самодовербата и достоинството на српскиот човек кој како дете главно е казнуван, а ретко наградуван, гален, пофалуван.

Извор



912

X