„Неодамна работев со тригодишно дете кое на ниту еден начин не стапуваше во контакт со луѓето околу себе и не реагираше на говор. Кога го донесоа и кога го направивме првиот разговор, загрижените родители не ме известија за какви било специфики во одгледувањето и растењето. Откако ги завршивме сите потребни медицински тестови, се покажа дека детето нема никаков физиолошки проблем, а неврологот препорача да направиме и тест за аутизам. Размислував да ги упатам и на детски психијатар.

Потоа се случи чудо – на едно од следните доаѓања на детето почна настава на англиски јазик во собата до нас и кога детето ги слушна првите звуци на детска англиска песна, заживеа, почна да плеска со рачињата и да изразува радост. Почнав да разговарам со неа на англиски јазик и се покажа дека детето совршено ме разбира. Но, својот мајчин јазик не го знаеше.

Тогаш стана јасно – детето беше воспитувано и одгледувано од „Бејби тв“. Секој ден. Нејзината мајка не сметаше дека е важно да сподели со мене дека нејзиното дете поминува многу часови пред телевизорот. Кога им реков дека мора да ги исклучат сите уреди, преплашено ме погледнаа и рекоа: „Но, таа тогаш е лута и плаче долго без престан!“

Во првата година од животот она што детето го гледа станува многу поважно од она што го слуша. Ако му понудите „подвижни слики“ во текот на овој многу чувствителен период, би требало да имате на ум дека тие се голем стимуланс за неговиот мозок, за жал, негативен.

24 слики во секунда. Тоа значи 24 трепкања во секунда. За видео кое трае десет минути, тоа се 14.400 блесоци. Ако го оставите детето да гледа половина час, 43.200 импулси.

Детскиот мозок не може да обработи толкава количина на информации.

Истражувачите на „синдромот на екранско време“ со скенирање на мозокот откриваат сериозни абнормалности во неговата структура и во активностите кај децата што се изложени на ефектите од екраните: сива атрофија на мозокот, нарушен интегритет на белиот мозок, намалена дебелина на мозочната кора, ослабени когнитивни способности. Овие податоци значат дека поставувањето на децата пред екраните, вклучувајќи ги телевизијата, игрите, музичките видеозаписи, ги крши сите аспекти на детскиот развој. А тоа е многу висока цена за половина час родителски мир…

Децата се раѓаат со способност за препознавање емоции. А кога двегодишно дете ќе го види Том како го удира Џери, кога ќе види дека Маша ја растурила куќата на Медо, тоа мисли дека тоа е во ред, дека е нормално. На нашите деца им испраќаме агресивни одлуки наместо хуманост, комуникација, споделување, заедништво“.

Автор: Иво Александров, логопед и автор (Извадок од книгата „Паметно бебе. Водич за ран детски развој“)



912

X