Некои денови часовникот покажува четири часот наутро и не сум сигурна дека ќе имам доволно енергија да успеам да легнам. Понекогаш си варам кафе за да имам дополнителна енергија, а понекогаш импровизирам.

Бидејќи треба да се направи вечера, децата треба да јадат, да се избањаат, да се заспијат. Домот треба да го средам, треба да се релаксирам, мојот сопруг и јас треба да поразговараме и треба да практикувам самоконтрола за да не останам будна до полноќ или подоцна. Ме повлекува лудоста на доцните вечерни часови. А потоа вителот од ноќните задачи и активности завршува.

А она што е останато е „пред“ и „потоа“.

Пред да почнам со вечерата, се чувствувам како да правам сè одеднаш. Чувствувам дека мозокот ќе ми експлодира.

Пред да седнеме да вечераме, има истурено млеко на подот, погрешна виљушка или погрешен број зрна грашок.

Пред да завршиме со вечерата, потребни се долги убедувања за да се изедат само уште неколку залаци зеленчук.

Пред да го исчистиме нередот од вечерата има уште многу други нереди кои треба да се исчистат. Зошто да не ги додадеме и трошките на подот, на сето ова?

Пред да почнеме со бањањето, има жалење поради желбата да се гледа емисија на телевизија наместо бањањето. Нивоата на трпението сè повеќе се намалуваат.

Пред да се заврши со бањање, тука се прскањето, кавгите и плачењето во кадата.

Пред да одиме во кревет, голем дел од времето е посветен на избирање на вистинските пижами.

Пред да читаме приказни, се развиваат дебати за тоа која книга е најдобра за вечерта.

Пред да речеме „добра ноќ“ има многубројни барања – за вода, за користење на тоалетот, за пронаоѓање на вистинската полнета играчка.

Пред да заспиете, има разговори и барање ѕвезди и прегратки.

А тогаш следува „потоа“.

Откако ги ве заспијам… ми недостигате.

Откако ќе излезам од собата… се сомневам во себе. Се прашувам дали направив нешто правилно денес. Дали го дадов најдоброто од себе.

Откако ве бакнав во челото… заборавив на секоја неволја од денот и се сеќавам на вашата сладост.

Откако ја затворив вратата, помислив на начинот на кој се смеевте на мојата шега и силната прегратка што ја добив кога ја најдов куклата.

Откако конечно седнувам да вечерам со татко ви, зборуваме за тоа колку сте супер вие двајца. Колку сме горди.

Откако ќе исчистам, се чувствувам повторно организирана.

Откако ќе се опуштам и ќе гледам телевизија, батериите ми се повторно наполнети.

Откако ќе го измијам денот од моето лице, си велам да си ги измијам и грешките исто така.

Откако ќе ве проверам, ве гледам како спиете мирно и си ги бројам благословите. Благодарна сум што вас, моите среќни ѕвезди, ве имам во животот. Се прашувам зошто го изгубив трпението денес.

Откако се борам со желбата да останам будна уште малку, му велам „добра ноќ“ на сопругот.

Откако ја ставам главата на перница, се обидувам да го забавам умот и да потонам во мир и тишина.

„Пред“ – знае да биде диво и лудо и да – понекогаш многу исцрпувачки. Но, „потоа“ ми овозможува да се навратам, да размислам, да вежбам благодарност и да бидам нежна кон себе. Секогаш има и мирно „пред“ и по бурата. Она што си го поставувам како предизвик е да биде мирно и за време на бурата.

Автор: Колин Темпл



912

X