Во последно време наидувам на фејсбук-постови за тоа колку мајките на повозрасни деца се осамени. Сфаќам, бидејќи и моите деца се во период кога не сакаат и не им е потребен возрасен околу нив или до нив, меѓутоа, во одредени моменти им е потребен некој да ги провери. Имав флексибилен, консултантски однос со моите деца – сѐ до крајот на летото.
Сега, кога децата повторно почнуваат на училиште, приспособувањето е потешко. Не зборувам само за станувањето рано наутро и одењето на училиште, туку на моето присуство по училиштето. Обично јас сум таа што ги носи и зема децата од училиште, па на англиски, математика или на каква било друга активност и ова е нешто на кое се навикнав и кое го правам со задоволство. Но, во последниве неколку дена од моите две деца ја слушнав реченицата: – Не треба да доаѓаш на моите натпревари оваа година. Оваа реченица ме изненади, меѓутоа, наредната ме повреди: – Всушност, не ве ни забележувам кога сте таму со тато.
Знаев дека се движат кон независност и токму тоа е нашата цел. Но, сето ова се случи некако одеднаш и е многу болно. Кога моите деца ми кажаа дека повеќе не ја сакаат мојата помош и не сакаат да бидам вклучена, не бев сигурна кој е следниот чекор.
Прво, се споредив себеси со другите родители за да видам да не сум многу вклучена, па да треба да направам чекор наназад. Но, можам да кажам дека тоа не е случајот – присуствувам на натпреварите и навивам за нив, но не им испраќам пораки на тренерите, не барам да играат повеќе.
Потоа помислив на емоциите, и моите и нивните. Бев повредена и мислев дека ова е личен напад врз мене и врз моето место во нивниот живот. Но, дали е навистина така?

Мислам дека сакаат повеќе слобода и ова е единственото место каде што можат да ја најдат.
На крај, размислив и за нивната мотивација. Кога покажав дека се чувствувам повредена и одбиена, мојот син ми рече: – Ти реков дека не мора да доаѓаш затоа што не мислев дека не сакаш.
Сакам моите деца да го знаат ова:
Знам дека понекогаш посакувате да имате други родители. Знам дека понекогаш посакувате да сме како родителите на други деца, оние што се сметаат за „покул“ и помалку строги и оние што не се толку присутни дома. Се надевам дека знаете дека родителството е избор, што значи дека ние избравме да бидеме инволвирани во сето она што го правите бидејќи ве сакаме и сме горди на вас.
Ќе откриете дека животот е полн со избори. Особено како што растете и стареете и почесто отсуствувате од дома и среќавате и се запознавате со различни луѓе. Ова е најдоброто нешто поради кое отсуствувате од домот, ги ширите крилјата и сте присилени да одлучите за себе и за она што ви одговара. Нам ни одговара да ве гледаме на натпревари во вторник навечер.

Треба да знаете дека е во ред понекогаш да не ги следите нашите правила и да не сакате да сме околу вас, но треба да знаете и дека секогаш ќе бидеме тука за вас. Можете секогаш да ни кажете кога мислите дека сте во неволја.

Автор: Шон Фиган  Ерхарт



912

X