Ќе видиш колку брзо сè ќе помине. Нема ни да се свртиш, а веќе ќе жалиш што повеќе не те држи за рака. Пресоблечи, нахрани, заспиј. Се губиме во таа секојдневна рутина, многу често не забележувајќи како таа тивко, полека, но сигурно се менува.
И детето само треба да ја фати таа лажица како што треба. Само треба да научи да игра без мене. Кога ќе почне да си ги облекува чорапите, ми се чини дека ќе се преродам. Нека помине уште ова.

Да помине?! Тоа не е нешто што боли, затоа престанете со тоа.

Сине, доста беше џагор за денес. Ги избањавме и желката, и ракот, и октоподот, и сите риби. Уште само пет минути! А тие пет минути негови и мои не можат да се договорат. Го завиткувам во крпа. Следна е нашата игра. Добив пакет. Колку убаво е спакуван. Што ми донесе денеска поштарот? Се смее и возбудено чека да му го откријам лицето. Леле, ова е најубавиот подарок на светот! Тој е пресреќен.

Возбудата ја продолжувам со цврсти прегратки. Го држам в раце, а рацете и нозете му летаат околу мене, подготвени за следниот подвиг. Така разнежнета, повеќе за себе, не очекувајќи одговор, прашав: „Дали си моето бебе?“

„Јас не сум бебе. Јас сум големо момче.“ Тој е сериозен. Навистина. Како може тој да биде мое бебе и големо момче во исто време? И кога воопшто ќе се помине таа граница. Некако се подразбираше дека ќе трае колку што сакам јас. Искрено, сè уште не сум решила дека неговата бебешка практика е завршена. Но, неговиот одлучен поглед ми кажува дека е. Барем тој сè уште сака да ми биде мојот подарок.

Автор: Маја Радовиќ

Извор



912

X