Животот со мали деца, иако не се разликува многу од животот со поголемите деца, ги поттикнува родителите на разни работи, однесувања и постапки. И не, не мислиме тука на тоа дека понекогаш сакате само да ги…уф. Ниту дека понекогаш им врескате како луди. Ниту на тоа што некогаш почнувате хистерично да се смеете, кога по петти пат во еден ден ги чистите последиците од цревниот вирус…Разбирате? Животот со деца ве инспирира да направите многу. И ако сте малку креативни, можете да создадете секакви работи од целото искуство.

Па, мајката која се крие зад името Фариде ја искористила сета таа инспирација и сите оние идеи што ѝ доаѓаат на памет низ секојдневието, па сето тоа го претворила во музички албум. Деби-албумот на оваа мајка се вика „Motherload“ и е полн со химни за мајки и сè што вклучува овој „повик“ – нееднаквости во домот, распади на системот, бес, домашна работа, повраќање, бришење задник, храна…

Сепак, песната по која Фариде стана најпознатата мајка, комичарка и новопечена музичарка е онаа во која зборува за нееднаквоста меѓу мајката и таткото. Или поточно, за нееднаквите пофалби што ги добиваат мајките и татковците за тоа што го работат. Песната се вика „You Are Such a Good Dad“ (Ти си толку добар татко) и веќе има толку многу верзии и изведби што е невозможно да се избројат. Неодамна и Ела Дворник оставила свој коментар на една од верзиите.

„Чувствувам гнев во оваа пасивно-агресивна песна“, напишала Ела и – „умрела“ од смеење. Но, можеби уште поинтересен е коментарот на еден татко кој напишал: „Тоа не е натпревар. Престанете да ги срамите татковците што се присутни.“ Се разбира, ова предизвикало низа коментари. Но, нема да трошиме време на нив бидејќи знаеме што не е во ред со овој коментар, хмм…

Песната можете да ја слушнете (и да ја погледнете, бидејќи без нејзините мимики впечатокот се губи) овде, а еве и пробен, бесплатен превод на зборовите од песната:

Готвев и исчистив

И купив намирници и исправ алишта

Ги нахранив мачката и кучето

И некој ми го украде кафето

Купив подарок за мајка ти што веројатно нема да ти се допадне

Платив сметки, избришав задници и сопрев неколку кавги

Па, само што не полудев

бидејќи двајцата ги носевме децата во парк

Но, некој ти рече: „Ти си толку добар татко, ти си толку добар татко“

Се разбудив во 5 наутро поради врескање во ходникот

Имаше повраќаници во креветот и еден куп алишта

Нашето дете плачеше, па разговаравме за чувствата

А ти спиеше

Потоа стана и мајка ти дојде и рече дека си толку добар татко

„Ти си толку добар татко“

Го завршив сама вечерното бањање, читање, мочкање, правење вечера

Реков „легни си“ околу милион пати

Потоа седнав да ја напишам оваа песна

А ти рече: „Дали забележа дека сум ја искосил тревата?“

Ти си толку добар татко.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X