Училиште во Мелбурн ги отстрани кантите за ѓубре од училниците и им рече на децата дека треба да си го носат ѓубрето дома, со цел да ги охрабрат да се движат кон нула отпад.

Колеџот за девојчиња во Мелбурн се надева дека семејствата ќе почнат да размислуваат поодржливо кога ќе го пакуваат училишниот оброк на нивните деца и како резултат на одлуката, ќе почнат да купуваат предмети со помалку пакувања.

Наставничката Керен Мони рече дека тоа е идеја на група ученици кои се дел од тимот за одржливост на училиштето.

Учениците ќе спроведуваат дневни незадолжителни инспекции за храна во кои учениците што користат пакување со повеќекратна употреба ќе добијат токен со кој ќе влезат во ждрепка за освојување награди.

Фото: Google Street View

– Ова е голем проблем во целиот свет. Се обидуваме да изградиме агилни мислители кои ќе се справуваат со некои од поголемите проблеми во светот – изјави госпоѓа Мани.

– Ако не направиме ништо, тогаш ќе се најдеме во уште поголема криза – додаде таа.

Во училиштето се отстранети кантите за ѓубре и се заменети со станици за рециклирање, но кантите за санитарен отпад ќе останат во бањите.

Во соопштението до родителите наставничката рече:

– Планот се донесува со амбиција да постигнеме нула-отпад до крајот на 2020 година, масовно намалувајќи ги нашите влијанија врз животната средина. Се надеваме дека ова ќе ги охрабри сите, и учениците и наставниците, да го намалат својот отпад со тоа што ќе донесат помалку отпад во училиштето и ќе создадат помалку отпад дома.

Акцијата доаѓа откако десетици илјади деца и млади учествуваа на протестите на национално ниво, барајќи од владата да воведе мерки за решавање на климатските промени.

Минатата година колеџот „Брајтон“, приватно училиште во Источен Сасекс, ги објави плановите за забрана на учениците и наставниците да користат пластични шишиња за вода, пластични сламки и небиоразградливи чаши во просториите на училиштето.



912

X