Сузана Решетар е мајка на дете со аутизам која на својот блог споделила приказна за професорка по хрватски јазик која, според неа, „подобрува многу нешта кои не се добри во пристапот кон децата со нетипичен развој“ и со таа приказна расплака многумина.

Секој што има аутистично дете или дете кое отстапува од она што општеството го доживува за „нормално“ знае кои борби може да ги предизвикаат секојдневните ситуации во образовниот систем. Тоа на своја кожа повеќе пати го искусила Решетар. Нејзиниот син Ивано воедно ѝ бил инспирација за започнување со блогот „Под чадорот“, каде што пишува за тоа како живее нејзиното семејство и како сите се приспособиле на животот со аутизам. Во својата најнова објава ја открила светлата точка со која се сретнала, а тоа е професорката по хрватски јазик на Ивано, која навистина може да биде инспирација на многумина. Нејзиното име е Андреа, а Сузана ја истакнува како пример над сите други кои често го практикуваат пристапот – „не може“.

– Оној што нема дете со тешкотии во развојот или каква било тешкотија не е свесен колку е среќен. Нема поим дека нема проблеми. Без претерување, ова ќе го потврди секој нормално атипичен родител. Она од што се згрозувам во нашиот живот, меѓу другото, се зборовите: не може, не можеме, не оди, не даваат, немаме, леле знаете мајко, а што ќе речат другите, виновен е системот и сите други балкански зборови кои всушност означуваат „не сакаме“ и „нема“.

Нејзините материјали и пораки за Ивано почнав да ги подготвувам во дебела папка. Чисто кога некој ќе се попречи на нашиот пат и ќе ги каже сите оние зборови во негација – да му ја треснам од главата.

Андреа е професорка по хрватски јазик. Она со што Ивано има најмногу тешкотии. Она со што, меѓу другите работи, најмногу се бориме. Секој месец, кога ќе ја поминат лекцијата, таа одлучила на својот ученик со аутизам да му напише мотивациска порака на соодветен начин за него, за да ја разбере. Затоа јас велам дека Ивано е дете со ниско ниво на самодоверба и дека е и тоа како свесен за своите тешкотии. Затоа што тој е како мало црвче кај неа. Среќно и задоволно дете во тоа училиште. Затоа што го поддржува. Мотивира. Создава доверба. Го води и го охрабрува. За лектирата, одлучила да го награди со златен медал. Бог знае дека тој нема поим што значи зборот лектира. Ќе го пријави на Лидрано (фестивал за литература и драма). Зошто? – Немам поим. Но, таа знае. Таа верува во него. Во неговите способности. Во него. Не може, а? Не може?

фото извор: Facebook/ Сузана Решетар

Чувствителноста, мотивираноста и емпатијата на професорката на Ивано имаат неверојатна улога во градењето на неговата самодоверба, па оваа приказна трогнала многумина.

„Ми се насолзија очите. Секоја чест. Тоа дете расте во себе. Секоја чест. Таа професорка расте. Во себе, во ученикот, во тие родители. Се надевам и пошироко“ – е еден од коментарите на нејзината објава. Друга мајка вели: „Каква инспирација! Да имаме среќа и ние некој ден да наидеме на таква професорка. Во целата таа борба ова е нешто што навистина грее срце и душа, како на детето така и на родителите“.

Автор: Мартина Јапец Мартинко

Извор 1

Извор 2



912

X