Има луѓе што се сигурни дека не сакаат повеќе од едно дете, а и такви на кои хаосот и константниот детски џагор им се допаѓаат. Тоа е нивната замисла за совршено семејство.

Моето семејство го вреднувам како хармоничен, совршен збир – сопруг, ќеркичка и јас. Само неколку месеци по породувањето сфативме колкав благослов е таа за нас.
Набрзо одлучивме дека сакаме да го прошириме семејството, но сфативме дека тоа нема да биде лесно остварливо. Токму од таа причина се обидувам да го извлечам најдоброто од постојната ситуација.

Па така, одлучив да ги запишам сите предности на тоа што имам едно дете, а овие се заклучоците до кои дојдов:

– Кога мојата ќерка е окупирана со училиштето или се забавува во својата соба, нашата куќа станува вистинска оаза на мирот. Тие моменти секогаш можам да ги искористам за читање весници, опуштање со шолја чај, дружење со пријателките или уживање во некои други активности кои ми причинуваат задоволство.
– Кога одиме на одмор, во автомобилот има доволно место за сè.
– Фактот дека морам да собирам пари за школување само за едно дете значи дека можам да си дозволам себеси „ситници што живот значат“.
– Во мојата куќа не можете да слушнете кавга меѓу деца за играчка.

– Убедувањето на ќерката-единица дека е време за попладневна дремка сигурно е полесно од извршувањето на истата обврска со поголем број дечиња. Тие во секој момент можат да се здружат против вас, а мислам дека тоа не би можела да го поднесам.
– Кога ќе побара домашен миленик, мојата ќерка може да биде надгласана во семејното гласање. Да имавме повеќе деца, со сопругот ќе моравме да смислуваме други методи и изговори поради кои е невозможно она што го сакаат.
– Мислам дека би можела да преживеам еден пубертет.
– Доколку одлучиме да патуваме со авион, не мораме да се одвојуваме во текот на летот. Три седишта се повеќе од доволни за нашето мало семејство.
– Никогаш нема да се најдам во ситуација да одбирам помеѓу гледање училишна претстава или присуство на детски натпревар. Можам да учествувам во секој дел од нејзиниот живот и моето девојче никогаш нема да се почувствува запоставено.
– Моето расплакано лице светот ќе може да го види на матурата на мојата принцеза, а тоа ќе се случи само еднаш во целиот живот.

Меѓутоа, ништо од тоа не ми е важно. Би се откажала од сите овие привилегии само да добијам уште едно дете.
Има луѓе што се сигурни дека не сакаат повеќе од едно дете, а и такви на кои хаосот и константниот детски џагор им се допаѓаат. Тоа е нивната замисла за совршено семејство.

Јас сум од оние што не припаѓаат ни во едната ни во другата група. Мојот вид е специфичен. Истовремено можам да се смеам и да плачам кога размислувам за среќата што ја предизвикува мојата ќерка-единица, но и колку нашата куќа би била весела со повеќе деца.
Во текот на животот имаме две опции. Можеме да победиме или да изгубиме и да научиме да живееме со тоа. Според тоа, како што реков на почетокот, моето мало семејство е сè што отсекогаш сум сакала.

Автор: Тамара Обрадовиќ



912

X