Воспитување

Темната страна на мајчинството: Зошто едноставно не можам да бидам среќна?

Денот пред да се роди мојот втор син, се сеќавам како се гледав во огледало правејќи ментален запис за себе. Која бев јас во моментот? Како ќе се променам? Колку бев подготвена? Во 39-тата недела, нема враќање назад. Но, го знаев она што требаше – сум поминала низ ова и порано. Очите ми беа отворени. Не бев таа наивна мајка како првиот пат. Знаев, но и немав поим.

Најголемата животна радост и најголемата животна шега

24 часа откако го имав мудриот момент на себереализација, сè што мислев дека знам за мајчинството излета низ прозорецот. Сè уште се обидувам да сфатам како дојдов дотука. Грижата за деца е најголемата животна радост, но и најголемата животна шега. Вестите за новите мајки често опфаќаат: како да се подготвите за доење, што треба да спакувате за породувањето во болница, предности и негативни страни на царскиот рез и природното породување итн. Но, кога се пишува за проблеми како недостиг на сон, хормонални промени, анксиозност од одвојување, постпородилна депресија, работите се поедноставуваат за да бидат појасни за аудиториумот. Јас го знам тоа бидејќи сум новинар и тоа е и моја работа. Но, сакате да знаете една тајна? Тоа сознание веројатно ќе ми ги намали шансите да најдам работа во оваа област повторно, но, тоа е животот.

Знаењето на сите факти и имањето пристап до големите умови во родителството не ја сопираат таа сеизмичка промена од ново мајчинство до „кршење“ на мојата личност. Исто така, не прави промена и во фактот дека темната страна од мајчинството ме проголтува. Напишав многу текстови, меѓу кои и овој, токму додека бев во темната фаза од мајчинството. Поминаа 9 месеци од породувањето и сè уште не можам да се препознам.

Го мразам начинот на кој изгледам, начинот на кој се чувствувам. Заматен ми е умот, ниту едно парче облека не ме собира и се чувствувам како натрапник во сопствената кожа. Мразам што сум лута и огорчена 99 отсто од времето. Зошто едноставно не можам да бидам среќна? Зошто не можам да живеам во моментот? Единствено сум среќна кога сум сама, кога читам книга или гледам телевизија. Најсреќна сум кога мојот ум е каде било, само не овде.

Да се биде бремена за време на пандемија не помогна. Поминувањето уште една година во сличен карантин (како мајка) не промени ништо за мене. Додајте ги на сето тоа и финансиската несигурност, социо-политичката нестабилност и граѓанска неуморност. Првата година по породувањето ми беше ужасна.

Безгранична љубов и тешка нова облека

Да, гледам зраци светлина и чувствувам безгранична љубов кога ги гледам моите деца. Кога сум сведок на клучни моменти за нив и гледам како се развиваат во добри луѓе. Дури го сакам и доењето, навистина! Но, има денови кога чувствувам како да не можам да дишам. Сакам да му вреснам да замолчи, само да замолчи. Бидејќи вревата никогаш не престанува. Водам белешки кога ги кажува првите зборови. Неговиот ум во развој се појавува на начини кои треба да предизвикаат љубов, воодушевување. Тука сум со него понекогаш и уживам во тие моменти исполнети со мир. Но, поголемиот дел од времето ми зујат ушите. Ме боли главата. Изморена сум. И секој ден се обидувам да излезам од оваа дупка. Се слушам со пријателите и други мајки кои се породиле да проверам дали се во ред и дали поминуваат низ истото. Прашувам дали може да им помогнам, што е иронично, бидејќи самата пишувам за темната страна на мајчинството и бидејќи личноста на која треба да ѝ помогнам сум јас самата. Но, да бидам искрена, помагањето на друго лице е вистинско одвлекување на вниманието од сопствените проблеми.

Одам чекор по чекор. Направив мал обид да се приклучам повторно на општеството како „новата јас“. Но, оваа свежа облека сè уште не ми стои баш добро.

Не сте сами

Го споделувам ова не заради сожалување, туку затоа што знам дека не сум сама. Го знам ова поради приказните на храбрите жени кои ги споделија со мене, заедно со својата лутина, бес, тага, внатрешен немир, љубов, заздравување и надеж. Овие приказни се дел од животот. Непријатно ѕиркање во искуството како е да се биде мајка. Некои од нас се засекогаш трансформирани. Ова значи дека не само што има поврзаност меѓу нас, туку има и светлина во темната страна на мајчинството. Ако и вие сте во неа, ако сакате и се борите со најголемата животна промена, овие приказни се за вас. Не сте сами.

Автор: Саманта Хербст

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top