Еден ден кога децата ќе ми бидат доволно големи да ја сфатат логиката што ги води родителите, ќе им речам:

– Те сакав доволно за да те прашам каде одиш, со кого си и кога ќе се вратиш.
– Те сакав доволно за да инсистирам да штедиш и самата да си купиш велосипед, иако сме имале доволно за да можеме да ти го дозволиме.
– Те сакав доволно за да молчам и да дозволам самата да сфатиш дека твојот најдобар пријател те искористува.
– Те сакав доволно за да те натерам во продавница да однесеш до пола изедена чоколада и да кажеш: „Ова вчера го украдов и сега донесов пари“.
– Те сакав доволно за два часа да ти дишам во врат додека не ја средиш својата соба – задача за која ти требаа само 15 минути.
– Те сакав доволно за да ти дозволам да ги видиш лутината, разочарувањето и солзите во моите очи (децата мора да научат дека родителите не им се совршени).
– Те сакав доволно за да ти дозволам да ги почувствуваш последиците од тоа што го правиш, дури и кога се толку болни што мене ми го кршат срцето.

Но, најмногу од сè, те сакав доволно за да кажам „не“ и кога знаев дека ќе ме мразиш поради тоа. Тоа беа најтешките битки. Драго ми е што ги извојував бидејќи на крајот, тоа се и твои победи.

Родителството е прекрасна улога која многу бара од еден човек. Не постојат „рецепти“ за успешно воспитување млад човек – дете. Секое дете бара свој индивидуален пристап и тоа нè прави истражувачи на детскиот магичен и непредвидлив свет, за да му помогнеме да се развие како целосно, среќно и задоволно суштество.

Една мајка



912

X