Воспитување

Татковци, родителството не е шпанска серија, па да се вклучите во која било епизода

Умешноста на татковството речиси исчезна.  Татковството треба да му овозможи на детето доследност, цврстина, топлина и ангажираност. За мажот да може да се „стави“ во улогата на татко, мора да отфрли некои стари улоги што често биле ограничувани и осиромашени…

4 вида татковци што не се однесуваат соодветно

Мажот што сакал да биде крал 

Тоа е мажот кој напорно работел цел ден и кој се враќал дома за да му се додворува неговата лојална жена-слугинка и децата кои се гледале, но не се слушале. Таквиот татко навистина се ангажирал само кога требало да се изречат казни или помилувања. Тоа, исто така, бил „ќе видиш кога татко ти ќе дојде дома“ тип на татко. Типична изјава на таквиот татко: „Додека живееш под мојот покрив, ќе правиш како што ќе ти кажам“.

Критичен татко

Постојано омаловажувал, гонет од сопствената фрустрација и бес. Тој татко несомнено бил активен во семејството, но на сосема негативни, застрашувачки начини. „Дали е тоа најдобро што можеш, зарем не можеш ништо да направиш како што треба…“ Сè што го фрустрирало, го претворал во киселина која ја нагризувала благосостојбата на неговото семејство.

Пасивен татко

Таткото кој ѝ ги препуштил целата должност, одговорност и моќ на својата сопруга – мајката. Исто така, им попуштал на децата, шефот, роднините, друштвото. Бидејќи не можел да го поднесе притисокот, се повлекувал зад весниците, телевизорот, алкохолот, некое „хоби“… Неговите деца растеле мразејќи го што е таков безрбетник.

Отсутен татко

Тој човек можеби бил способен, дури и моќен, но не во семејна арена. Тој бил отсутен градејќи кариера. Не присуствувал на училишните натпревари или на концертите на своите деца. Можеби плаќал секакви работи за нив, но не бил од никаква корист во воспитувањето бидејќи таткото мора да биде присутен. Отсутниот татко не е само неутрална фигура. Ако не им е задоволена потребата за љубов, децата нема да го сакаат таткото заради парите што ги заработува, а нема да бидат ниту неутрални кон него. Најверојатно ќе го мразат.

Жените треба да бидат многу јасни во поглед на тоа што бараат од своите мажи, бидејќи мажите се склони кон тоа да претпостават дека нивната способност за работа е нивен најголем придонес. Да се оствари и едното и другото, добро да се заработува (според стандардот кој жената го сака) и да се биде добар татко, често е невозможно. Ако се прави дека е несвесна за овој факт, жената го турка мажот во улогата поради која подоцна е незадоволна.

А како да се биде добар татко?

Не дозволувајте да поверувате во глупоста „кога децата се мали, татковците не се толку важни“. Родителството не е шпанска серија, па без проблем да се вклучите во која било епизода. Занимавајте се со своите деца уште кога се во пелени. Особено е важно да знаете дека во шестата или седмата година детето мора да ја пренасочи својата примарна идентификација на таткото. Се разбира, тоа ќе сака и ќе има интензивен однос со мајката. Но, тоа активно сака да биде со таткото и да биде како него. Тоа го може само доколку таткото е присутен и заинтересиран да помине време со него.

Таткото треба да извршува активности со синот, да ужива во делењето на животот со него, пред него да поставува предизвици и да го тестира, но никогаш да не го повредува или омаловажува. Таткото мора да го научи синот да ја контролира својата сила. Има многу момчиња што го испуштаат нечујното плачење „Тато, сопри ме!“ Самосовладувањето е дар кој на момчето може да му го даде таткото.

Ако тоа не го научи од таткото, ќе стане или неконтролиран мачо агресивец или несигурен мамин син. Доколку мајката спроведува добар дел од дисциплинирањето на момчето, тоа може да почне да верува дека мајката го мрази. Доколку таткото ја завршува својата работа, мајката се опушта, чувствува дека има поддршка, па е помалку студена или груба. Татковци, не препуштајте ги синовите на мајките и не им вовлекувајте на сопругите „невозможна мисија“. Детето мора емоционално да се одвои од мајката. Ако вие му се тргнете, тоа ќе прерасне во груб човек.

Во шестата или седмата година момчето мора да ја пренасочи својата примарна идентификација на таткото. Таткото треба да поминува време со синот, да ужива во делењето на животот со него, пред него да поставува предизвици и да го тестира, но никогаш да не го повредува или омаловажува. Таткото мора да го научи својот син да ја контролира својата сила.

Автор: Небојша Јовановиќ, магистер по психологија и психотерапевт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top