Не е невообичаено партнерите кои долго време се во брак да имаат замерки едни за други. Понекогаш одреден проблем се одолжува со години и всушност фрла сенка врз врската. Понекогаш причината е поедноставна, како погрешен избор на мебел, а понекогаш причините се многу, многу подлабоки. Што ако партнерот го пропушти раѓањето на нивното прво дете?

Некои работи можете да ги простите, некои да ги заборавите, а некои работи секогаш ви стојат над главата. Изгледа дека следниот пример е еден од оние што опстојуваат долго време.

На платформата „Редит“ еден маж, татко на дете, прашува дали е лош затоа што ѝ рекол на својата сопруга дека треба да го преболи фактот што тој го пропуштил раѓањето на нивното дете. Дали е виновен таткото што го пропуштил овој важен момент од нивниот семеен живот и првите моменти од животот на своето дете? Или поентата е во тоа што мајката не може да заборави и да прости и да се ослободи од нејзиниот гнев? Или од сѐ по малку ? Но, како се случило сето тоа?

-Работам работа каде што понекогаш немам пристап до мојот телефон или сум во изолирано место. Тоа време е одвоено однапред и во основа ми го одзема целиот ден. Има еден тон безбедносни прописи што морам да ги следам во овој период. Бидејќи времето на работа е однапред испланирано, не можев да знам дека породувањето ќе се случи токму кога нема да можам да бидам до својот мобилен телефон. Мојата сопруга беше бремена и планирав да земам слободни денови како што се приближуваше терминот. За жал, таа се породи рано (околу еден месец порано) и јас бев на терен. Дознав дека ќе се породи дури кога повторно добив сигнал. Кога стигнав во болница, таа веќе беше породена.

Имено, нивното дете сега има 1,5 година, а мајката сѐ уште не го надминала сето тоа.

-Тоа беше пред околу 1,5 година и јас сум навистина вклучен татко. Проблемот е што секогаш кога се расправаме, таа ќе спомене дека го пропуштив породувањето. Ова се случува речиси секојпат кога има сериозна дискусија за тоа каква храна треба да порачаме. Денеска полудев од лутина. Се скаравме затоа што сака да смени градинка и да избере некоја поблиску до дома. Единственото нешто поблиску до нашиот дом е прескапо и не можеме да си го дозволиме. Во средината на расправијата таа повторно кажа дека не сум бил на породувањето. Ѝ кажав дека треба да го преболи тоа и да престане да го користи во секоја расправија. Ме нарече кретен и си замина.

AITA for telling my wife that she needs to get over me missing the birth of our daughter
byu/Key_Atmosphere6114 inAmItheAsshole

Во коментарите, повеќето луѓе се согласиле дека иако нејзиниот гнев е сосема разбирлив, парот ќе мора да работи заедно за да го преболи немилиот инцидент.

„Треба да зборувате за тоа во детали“, стои во еден од коментарите. „Од вашата објава, добивам впечаток дека мислите оти сте лош татко затоа што не сте биле таму. Но, тоа секогаш го споменува бидејќи била ранлива и осамена без вас. Но, тоа било навистина цела една низа на работи што се случиле неочекувано: породување еден месец порано и додека сте биле без сигнал.“

Покрај тоа што многу луѓе препорачуваат советување на парови, многу други споменуваат дека нејзиниот гнев можеби произлегува од нешто друго. Или дека самото раѓање на детето било толку трауматично, што таа треба да го процесира сето тоа.

„Препорачувам да одите на советување за да се справите со ова, бидејќи фактот што таа го изговара тоа толку долго покажува дека нешто друго е вистинскиот проблем“, се вели во друг коментар.

Нерешениот гнев и огорченост навистина може да му наштетат на бракот, како и на секоја врска, и најдобро е парот да се справува со тоа директно. Факт е дека сопругот можеби не ја разбира длабочината на тоа што се случило, па му се чини неправедно да го спомне, но и задржувањето на тој гнев во себе од страна на мајката не е решение. Добар, долг и длабок, искрен разговор, со или без експерт, би можел да биде најдобриот начин за решение.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X