Игротека

Суперхерој во училишниот автобус – секој ден му ја средува косата на едно девојче

Изгледа дека вистинските суперхерои во нашите животи не носат смешни костими и не се борат со чудовишта. Тоа го докажува и приказната за една жена што вози училиштен автобус во САД – често вистинските херои се оние што им нудат помош на оние што се борат со животните предизвици.

Кога Изабела Пиери имала девет години, ја изгубила својата мајка. Тоа било многу тешко искуство за неа и за семејството, а таа полека се обидувала да ѝ се врати на секојдневната рутина. Што се однесува до нејзината коса, таткото на Изабела не бил баш вешт по тоа прашање. Никогаш порано не ја чешлал ќерка си, а Изабела често и негодувала зошто татко ѝ ненамерно ја влечел за косата додека се обидувал да направи нешто во врска со нејзиниот стајлинг. Еднаш дури ја одвел целосно да ѝ ја скратат косата за да не се мачат. Но, тоа не бил идеален стајлинг за едно девојче.

фотоизвор: Твитер/ „NBCNightlyNews“

Кога косата повторно ѝ пораснала, Изабела почнала сама да се грижи за својата фризура. Често знаела да ја собере во опавче за да ја тргне од своето лице. Еден ден дошла дома од училиште со прекрасен нов стил – така барем рекол нејзиниот татко. За нејзиниот изглед се погрижила жената што го возела училишниот автобус.

Изабела видела кога Трејси Дин, жената која го вози автобусот, ѝ ја средува косата на некое девојче, па собрала храброст и ѝ побарала помош. Трејси признала дека очигледно било оти Изабела се мачи со својата коса, па била среќна што може да ѝ помогне.

Трејси е личност што преживеала канцер, а тоа што Изабела ѝ побарала помош ја натерало да помисли на сопствените четири деца. Не можела да не помисли што би правеле нејзините деца без неа.

Сега Трејси ѝ ја средува косата на Изабела секое утро. Кога автобусот ги отвора вратите за учениците да се упатат кон училиштето, Изабела застанува на задните седишта со Трејси додека таа ѝ прави фризура. Двете заедно смислиле стајлинг кој ќе го применуваат.

фотоизвор: Твитер/ „NBCNightlyNews“

– Обично правиме две француски плетенки, а понекогаш и само една. Исто така, ја научив како да ја чешла косата. Ќе се качи во автобусот и ќе рече: „Ја исчешлав косата. Добро ли изгледа?“ А јас одговарам дека е одлични – раскажува Трејси.

Откако Трејси почнала да ѝ помага со косата, девојчето има многу поголема самодоверба. Едноставното љубезно дело на Трејси има големо влијание врз Изабела. Нивната приказна брзо се раширила и на интернет. Многумина упатуваат пофалби до Трејси затоа што ѝ помогнала и направила позитивна промена во животот на Изабела. Луѓето ја нарекуваат Трејси „вистински херој“. Ваквите приказни ја враќаат вербата во човештвото. Нивната е доказ дека не е потребно многу за да се промени нечиј живот на подобро.

 

Автор: Емили Меквилијамс

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top