Децата можеби нема да се сеќаваат на секоја играчка што ја имале, ниту на секој совршено организиран роденден. Нема да помнат колку пати сте погрешиле, но засекогаш ќе ги носат во срцето оние мали моменти што не можат да се купат со пари.
Ова се 7. работи што го обликуваат детството и остануваат засекогаш во нивното сеќавање:
- Како се чувствувале во ваша близина. Не што сте им кажале, туку како сте ги гледале. Децата засекогаш го помнат чувството на сигурност, прифаќање и топлина што го имале додека седеле покрај вас.
- Малите рутини што биле само ваши. Начинот на кој сте го гаснеле светлото навечер, тонот со кој сте ја читале истата приказна по стоти пат или утринскиот бакнеж пред градинка. Овие за вас автоматизирани навики, за детето биле цел свет бидејќи во нив лежи сигурноста.
- Вашата реакција кога направиле грешка. Нема да ја помнат секоја скршена чаша или лоша оценка, но ќе го помнат вашиот тон. Дали викавте или длабоко зедовте воздух? Во тие моменти детето учи дали вреди да биде сакано и тогаш кога не е совршено.
- Дали имавте време за нив, дури и кога го немавте. Не се важни цели денови, туку оној момент кога го тргнавте телефонот, седнавте на подот и рековте: „Чекај, раскажи ми“. Детето ќе памети дека барем понекогаш било поважно од сè друго.
- Начинот на кој покажувавте љубов. Некои родители прегрнуваат, некои готват омилено јадење, некои поправаат велосипед. Децата ја помнат љубовта преку вашите дела, а не преку големи и збунувачки зборови.
- Вашата искрена смеа. Смеата во кујната, во автомобилот или кога работите не оделе по план. Детето ќе памети дека животот покрај вас не бил само обврска и стрес, туку и радост.
- Како бевте присутни во нивните тешки моменти. Кога биле тажни, повредени или збунети. Детето ќе памети дали останавте до него или се повлековте и тоа чувство на поддршка ќе го носи низ сите свои идни врски и пријателства.