Воспитување

Синдромот на ќерка без татко е вистински

Мојот татко… беше висок и тенок. Беше артистичен и музикален и беше личноста која ме научи како да се потпишувам. Земаше дрога. Ја удираше мајка ми. Даваше празни ветувања. Не беше често присутен. Никогаш не би требало да има деца.

Си велев себеси: „Немам татковски проблеми“. Тоа беше чиста лага, само тогаш не знаев. Мојот живот се манифестираше во хаос кој не го препознавав како сопствен, но преку континуирана самосвесност, развој и искреност, сега знам зошто: бидејќи имам синдром на ќерка без татко. Тоа е нарушување на емоционалниот систем кое доведува до повторувачки дисфункционални одлуки за врските, особено во областите на довербата и самовредноста. Предизвикан е од недостиг на врската/односот татко-ќерка, што доведува до тоа ќерката да нема јасно сфаќање за тоа што значи здрав однос помеѓу маж и жена полн со љубов. Може да биде и доживотен синдром ако симптомите не се препознаат. Првата врска на малото девојче со машка фигура е онаа со нејзиниот татко. Тој однос му дава смисла на она што малото девојче, кое со текот на времето ќе стане жена, ќе верува дека го заслужува од врските со мажите. Влијателен е, го обликува животот и е неопходен. Што се случува со малото девојче кое нема шанса да ја искуси таа врска? Еве, гледате во неа.

Без добар однос со мојот татко, имав тешкотии да го прифатам она што го заслужувам или оној што е вреден да биде дел од мојот живот. Нема водич кој ќе ми помогне да го разберам правилниот пат за да се биде сакан и бидејќи не знам, се помирувам со тоа. Можам со цело срце да почувствувам кога нешто не е во ред во моите врски, но избирам да останам во нив бидејќи моето чувство за себе и за мојата вредност не е целосно развиено. Моите одлуки доаѓаат од место на лузни наместо од љубов. Има многу работи што татко ми можел да ми ги покаже, но беше себичен и ги ставаше своите потреби пред моите. Не сум го видела речиси 10 години, што е одлука базирана на избор. Знам каде да го најдам, но не сум одлучила дека тоа е потребно. Откако имав време да подразмислам, го сфатив сопствениот шаблон.

Затоа велам дека заздравувам од синдромот на ќерка без татко бидејќи си дадов време навистина да погледнам во себе и да сфатам што сакам. Не беше лесно, но беше неопходно бидејќи животот што го сакам и работата на дневна основа не ми дозволуваа да постапам поинаку.

Автор: Тои Смит

Извор

Поврзани написи

To top