Често се јавуваат ситуации кога родителите свесно учат дека детето не ги канализира емоциите на соодветен начин. Најчесто се работи за ограничување на изразувањето на емоциите на детето од страна на родителот, сметајќи дека одредени емоции не се соодветни и пожелни.

На рана возраст, најчести се примерите кога детето плаче во ситуација, заради која не би требало да плаче, па го прекинува со зборовите „Престани да плачеш“ или „Ова не е ситуација во која би требало да плачеш“ итн. Тогаш, пораката која ја праќаме на децата е „Сам/а си во својата болка“. Детето се чувствува исклучено, незаштитено, несфатено.

Друга ситуација е кога родителот не му дозволува на детето да изразува лутина. Лутината е негативна емоција, но здрава емотивна емоција и сите имаме право да ја чувствуваме па и децата. Сосема е природно детето да биде луто, тоа не е знак на непочитување, а и авторитетот на родителот нема да биде компромитиран. Ако лутината не се манифестира, тогаш таа може да прерасне во бес. Децата не се родени научени за да ги контролираат своите емоции, тоа е работа на родителите.

Кога се во пубертет, ситуацијата е различна, но механизмот е ист. Родителите често ги учат децата дека не е социјално пожелно да плачат, дека би требало да трпат и да ја скријат својата тага, бидејќи така нема да покажат слабост. Така, кај децата се нижат емоциите, па потоа демонстрираат непосакувани однесувања меѓу врсниците, а неретко и кон родителите.

На пример, при третман со момче кое има 17 години и притоа нестабилен однос со својот татко, момчето развило негативни механизми со кои површински се носел со емоциите кон татка си, па и не знаел да ги насочи на соодветен начин. Имено, во одреден момент, го доведува својот живот во опасност, бидејќи бегство и олеснување пронаоѓал во психоактивни супстанци. Доста време и труд е потребно за тоа момче да ги манифестира емоциите од кои долго време бегало. Дури кога тоа ќе се случи, проблемите можат да се решаваат.

Затоа, родителите треба да ги учат своите деца да ги изразуваат емоциите, уште од рана возраст. Тоа е од големо значење за нивната емотивна интелигенција.

Автор: Јелена Ивановиќ, специјален педагог – мастер дефектолог, едукативен центар „Семејство“



912

X