– Ало, куме?

_ Ооо.. Па, каде си кумашине, сто години те нема! Како си?

– Еј, лудница некоја, што да ти кажувам… Како сте сите вие?

– Добри сме, стандард. Јас работам, Мила зеде неколку дена одмор, ги однесе децата кај нејзините малку пред училиште и така, никаде не одевме, се разбира, па барем малку да вдишат воздух… Вие?

– Не е лошо, ете работиме. Ниту ние никаде летоска, класика. Сега и малиот тргнува на училиште, па знаеш фрка…

– А, па сега е јасно зошто се јавуваш, ти треба врска за учителка повторно, дали е така…

– Па… не е така едноставно, всушност… Нешто е различно сега отколку за Марко. Еве, ќе пробам да ти објаснам. Да, ми треба врска, да не се лажеме. Но, сега ми треба врска да влезе кај некоја што би рекле – ноу нејм – учителка, ако ме разбираш.

– Па види, би излажал кога би рекол дека разбирам!

– Вака, ајде да пробам што пократко, во зипувана верзија што би рекле ние, програмерите. За Марко бевме во фазонот да ја добие најдобрата. И се сеќаваш, се распрашувавме, жената е одлична, слушнавме сè најдобро за неа. И Ивана и јас ја избравме неа, ниту една друга, те замоливме тебе и сè супер, но превидовме една ситница – дека уште луѓе ќе посакаат нивните деца да се паднат кај неа. И тоа главно разни луѓе, оние што бркаат врски во очај и се во фазон – не успеавме да го воспитаме, учителката ќе го воспита – ме разбираш?

– Аха…

– И потоа имаш ситуација каде што учителката е супер, а децата и родителите, едно 80 отсто – се катастрофа! И што се случува – учителката не може ниту да работи, ме разбираш? Жената прво почна сè како што треба, гледам дека Марко баш напредува, што и да го прашам знае, па потоа приредби, секции, сè е како во некое приватно училиште. Меѓутоа, потоа започнаа родителите со своите барања, закани што и да е… А децата – дивјаци, се тепаат, крадат, уништуваат, што да ти кажувам. Потоа кога виделе дека Марко не е во тој филм, не сакаат со него да се дружат, тој е така воспитан знаеш, ма циркус! Јас во почетокот го учев со сите да се дружи, сега сум во фазон – чувај ја главата, знаеш… Да не должам, жената се разболи. Но, навистина се разболи. Била на боледување прво 3 месеци, нешто изгледа срцето е во прашање, којзнае, и веројатно сфатила – за чие здравје да се трошам, ме разбираш?

– Добро, и?

– И еве доаѓа 4. одделение, постојано некои замени по месец-два, па доаѓа таа, па тамам малку се враќаат во колосек, потоа искрено, одам на родителска, ги гледам сите оние ликови, тргнуваат така агресивно само што не ја задавиле, глупости – зошто мојот син добил четворка, а сè знаел, зошто си ја казнила мојата ќерка, просто да не веруваш. А мене ми е непријатно кога седам таму, а сè се тоа некои интелектуалци, а примитивноста прска на сите страни!

– Аууу…

– Да… Можам само да замислам што ѝ прават на час за родители кога вака се однесуваат пред сите, на родителска! Јас кога ги чекаме децата малку се обидувам да поразговарам со тие луѓе, кога ќе ги чујам тие ставови, човеку, се прашувам, од каде јас меѓу нив! Знаеш веќе…

– Да, да.. Ух…

– А децата пак… Шоу! Сите поделени во некои групи, па се мразат, па се озборуваат, па се местат едни со други. Не им верував на моите очи кога видов како се однесуваат, не може жената да ги собере! И се разбира – постојано оди на боледување и така сè во круг. И што е поентата – Марко изброи дека досега имал 9 учителки, сега во четврто жената повторно ќе се штити себеси и ќе оди на боледување, а искрено да ти кажам – и кога е тука веќе воопшто не се залага за децата и јас тоа го разбирам, зарем треба да умре за таа плата? Некој да ја истепа зашто детето добило лоша оценка? А Бог знае како ќе се снајдат децата во петто одделение. Така што, на Милош би сакал да му биде учителка некоја за која никој досега не слушнал!

– Па, добро, разбирам, но зошто ти треба врска за тоа, едноставно остави нека падне таму каде што психологот ќе го распореди!

– Да, тоа би било супер, но постои шанса случајно да се падне кај некоја супер, кај која сите би сакале и потоа што ќе правам, низ истото да поминувам? Затоа твојот кум те моли да се потрудиш, колку што можеш, да падне кај некоја непозната! Ете, непозната!

– Види, јас не знам сега како да ја прашам оваа мојава која сè ми средува за учителка – Дај некоја непозната – малку е глупаво…

– Ма, ќе знае таа најдобро. Еве, дознавме кои се барани, па нив никако! Кажи ѝ само да не оди кај Душица и Весна, тие се врв! Жените се чудо. Баш сите ги фалат и сите се трудат децата да бидат кај нив, ете за почеток да не биде никако кај нив две. Слушнавме дека и некоја Јована е во ред, млада, амбициозна, нова е, па не се знае многу за неа, но за секој случај ниту кај неа. Ете останаа две, па една од тие две, јас не знам ни како се викаат, па нема веројатно да знае ниту твојата – па нека избере една!

– Добро, да ти кажам искрено збунет сум малку, никој не ми барал врска за непозната учителка, ама ќе се обидам со сè што можам што се однесува до мене, па ќе ти јавам.

-Многу ми е важно, не можам да поминувам низ ова уште еднаш!

– Важи, важи, разбирам. Ќе ти јавам што сум направил…

Приказната е заснована на вистински случувања

Автор: Маја Бугарчиќ

Извор



912

X