Просечната бременост трае 40 недели, но понекогаш трудниците го надминуваат терминот за породување. Што се случува ако сте во 41. недела од бременоста и сѐ уште не сте породиле, освен што веројатно се чувствувате како да сте бремени „милион години“?

Во 41. недела од бременоста просечното бебе е долго 51 сантиметар и продолжува да расте, а тежи околу 3.600 грама.

Заради здравјето и безбедноста на вашето бебе, ако породувањето не се случи таа недела, вашите лекари може да разговараат со вас за индукција или поттикнување породување. Во повеќето случаи, поради можни компликации, бремената мајка не смее да го „одложи“ терминот за повеќе од две недели.

Бебињата родени во 42. недела од бременоста или подоцна обично имаат многу сува кожа и често тежат многу, а подолгото чекање го зголемува ризикот од инфекции во матката, кои можат да бидат опасни за бебето. Понатаму, ако породувањето дополнително се одложи, големината на бебето го зголемува ризикот од повреда или на бебето или на мајката при природно породување, зголемувајќи ги шансите породувањето да се изврши со царски рез.

Што се случува со мајката?

Па, она што е сигурно е дека мајката е прилично нервозна затоа што едвај чека да го запознае своето бебе, но секако дека не може да остане бремена засекогаш. Добри се шансите породувањето да започне спонтано, а ако не, најверојатно ќе бидете индуцирани до 42. недела или ќе имате царски рез.

Ако грлото на матката не е меко и не се отвора, се смета дека телото сè уште не е подготвено за породување. Во секој случај, вашиот лекар ќе ви даде упатства како да продолжите, а во меѓувреме, задолжително пријавете ако забележите дека бебето се движи помалку во вашиот стомак.

Извор



912

X