Воспаление на увото кај деца.

Најчесто се манифестира како воспаление на средното уво (отитис медија), што се јавува во период од 6 месеци до 3 години, како и во претшколската возраст, особено во зимскиот период.

Кога се јавува воспаление?

Најчесто се јавува во рамките на респираторни инфекции на носот и грлото бидејќи воспалението од носот продира преку Евстахиевата туба во средното уво. Најчесто станува збор за суво воспаление без секрет.
Кај деца, воспалението на увото е почесто поради карактеристичната анатомска структура (кратка и широка Евстахиева туба), незрелост на имунолошкиот систем, како и хипертрофија на лимфатичните ткива (трет крајник и палатинални тонзили).

Кои се симптомите и како се поставува дијагноза на отитис медија?

Најчести симптоми на воспалено уво се болка во уво, отежнато дишење на нос со или без секреција на нос.

При разговор со родителите кои најчесто даваат анамнестички податок се открива дека детето било настинато неколку дена, дека му течел носот и се разбудило со болка во едното или во двете уши. За да се постави точна дијагноза, потребен е клинички преглед.
Се прави отоскопски преглед, кој е тотално безболен и се визуализираат ушниот канал и мембраната.
Ако се работи за блага хиперемија и секрет од нос (серозен секрет), најверојатно станува збор за вирусно воспаление.
Силна хиперемија на мембраната заедно со погуст секрет во носот асоцира на бактериска инфекција.

Како се лекува?

Третманот го одредува лекарот оториноларинголог врз основа на локалниот наод и клиничка слика.
Лекувањето на вирусното (инфекција) воспаление главно е симптоматско.

За лекување на инфекцијата се ординира антибиотска терапија, како и капки за нос кои не смеат да се стават повеќе од 5 до 7 дена, основно е да се обезбеди проодносот на носот за да може да се постигне нормална вентилација и дренажа на средното уво. Во каналчето на увото се стават капки од мешавина – антибиотик и кортико – или само антибиотик капки за локална употреба.
Во случај на силна хиперемична мембрана се ординира антибиотска терапија пер ос или парантерално. Терапијата трае најмалку 7 дена – доколку е потребно и подолго. Потребен е контролен отоскопски преглед за да се верифицира успешноста на терапијата. Ефектот од антибиотикот е по 2-3 дена.

Дали воспалението на увото може да оштети слухот?

Најчеста последица од честите повторувачки воспаленија на средно уво е намален слух. Многу важна е превенцијата на воспалението на ушите.

Автор: д-р спец. Ариф Мемеди



912

X