Шакира е една од најуспешните интернационални латино-ѕвезди, но сѐ уште не дозволила нејзините синови Милан (8) и Саша (5) да ја дознаат нејзината популарност. Таа признала дека не дозволува нејзините момчиња да ја слушаат нејзината музика дома.

Во интервју за „ЕТ Канада“, Шакира вели дека таа и Жерард Пике се обидуваат да го направат својот дом колку што е можно понормален и покрај статусот на славни личности што го имаат. Пике е познат фудбалер во ФК Барселона.

Иако Шакира вели дека не можат да избегаат од своите животи како славни личности, таа и нејзиниот сопруг се обидуваат да го поедностават животот за своите синови. Шакира е често присутна на социјалните мрежи, каде што некогаш споделува фотографии од своето семејство. За време на карантинот минатата година Шакира сподели дека следела онлајн-часови по филозофија, помеѓу гледањето омилени шоу-програми со своите синови. Во 2017 година, изјавила за магазинот „Ола“ дека нејзините живот и приоритетите се смениле кога добила деца. Сфатила дека се соочува со истите предизвици како и секој родител чија енергија мора да биде поделена помеѓу семејството и кариерата.

Балансирање меѓу работата и семејството

Шакира успева да одржи баланс помеѓу работата и семејството во последните неколку години. Кога треба да патува за работа, таа постојано комуницира со своите момчиња преку дигиталната технологија. Кога не работи, ги завршува домашните обврски. Сепак, како мајка, нејзините деца се на прво место. Кога помалиот син се разболел на средината од нејзината турнеја во 2016 година, таа одлучила да откаже барем 2 настапи за да се грижи за него.

Шакира ужива да им чита на децата и многу ѝ се допаѓа тоа што Милан и Саша се љубопитни деца. Пејачката изјавила дека има чувство оти е „мајка тигар“ бидејќи сака да ги подучува своите деца. Ги учи да го вреднуваат образованието и се обидува да најде начини да ги стимулира нивните умови.

Автор: Лилијан Скот

Извор



912

X