Воспитување

Се плашев да живеам сама по разводот, но никогаш не сум била посреќна

Откако дипломирав, живеев сама неколку години. Имав двособен стан и многу ми се допаѓаше. Сепак, бев навистина подготвена кога моето момче, со кое бевме заедно 2 години, се пресели кај мене. Ми се допаѓаше тоа. Купувањето заедно, спиењето во ист кревет, знаењето дека сме тука еден за друг кога си доаѓаме дома – беше сѐ што сакав и што ми требаше. Имав чувство дека тоа е вистинското нешто за мене.

Бев среќна кога живеев сама, но бев посреќна кога живеев со него. Никогаш не копнеев по слободата што доаѓаше од живеењето сама. Ноќите кога лежев будна и размислував, или времињата кога бев исплашена и осамена, не ми недостигаа воопшто. Кога мојот поранешен сопруг и јас одлучивме да се разделиме, веќе живеевме под истиот покрив 20 години. Кога живеете со некого толку долго, развивате леснотија, без разлика дали тој некој ве нервира или не. Го знаете распоредот за во бањата, како спие другото лице, кога му е потребен простор. Секогаш има некој со кој можете да зборувате и да ги споделите грижите. Има пријатност во сознанието дека има некој присутен со кого може да споделите проблеми, радости и страшни времиња. Додека знаев дека сме подготвени да одиме по различен пат и беше многу важно за нас да го сториме тоа пред да почнеме да се мразиме, бев исплашена што ќе значи тоа за мене. Никогаш не сум поседувала дом сама. Никогаш не сум била самохран родител. Поминати се децении откако сум се будела сама во ноќта исплашена од врева.

Се плашев дека ќе ми недостига друштво. Бев тажна секојпат кога ќе помислев на вечера сама додека моите деца не се дома. Не знаев како сама да ги менаџирам финансиите и домашните обврски. Сите работи од кои се плашев, всушност, не се случија, барем не на начинот на кој мислев. Да, понекогаш бев тажна и осамена, имаше ноќи кога се будев со паника и премногу размислував. Никогаш не било лесно, но беше полесно отколку да се живее со некој во кого веќе не си вљубен.

Открив која сум. Сега го сакам времето поминато сама. Сакам да спијам сама. Сакам да декорирам како што сакам и да правам нешто за децата и за себе без да консултирам некого. Сакам да заминам од забава кога јас ќе одлучам, а и многу ми се допаѓа што не мора да излегувам на крај со свекор и свекрва. Сакам да јадам пред телевизорот со децата, сакам сама да си го правам распоредот и да имам простор. Да имам контрола над далечинското и да не го споделувам креветот. Страшните работи на кои мислев не се толку страшни, а со текот на времето развивате сила и отпорност.

Сега сум во нова посветена врска и си го сакам својот партнер. Тој доаѓа и останува тука, некогаш јас одам кај него. Кога заминувам дома, се радувам што живеам сама. Не велам дека така ќе биде до крајот на мојот живот, но не сум сигурна дека сакам да се откажам од сегашнава ситуација, иако мојот партнер е некако повозбуден за дипломирањето на моите деца од мене. Има нешто моќно и специјално во живеењето сам. Посреќна сум од кога и да е и немам чувство дека нешто ми недостига. Сакам што имам само мој простор. Смешно е како може лошите нешта на кои мислите да ве обземат, но се изненадив колку човек може да си го сака својот живот.

Ако не сте среќни во врската, не дозволувајте стравот од живеењето сами да ве задржува. Можеби ќе се изненадите.

Автор: Дајана Парк

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top