Прво ти велат – опушти се, сè доаѓа од главата. Додека си напната, нема да биде ништо. Кога не мислиш, тогаш ќе се случи. Знам јас некои што се исти такви.
Потоа ти велат – овие резултати се добри. Направете ги уште овие. Па уште овие. И овие. Додека не најдат некои што не се.

Потоа повторно ти велат – не е тоа ништо. Знам јас некои што биле во таква состојба. Па денес сè е во ред.

Па потоа ти велат дека ќе те сечат. Има тука делови што не се во ред. Подобро да одат надвор. Што ќе ти се, и така не функционираат? Како да сум ги нашла на улица. Потоа ќе ги исечат, извадат, ќе го запалат местото каде што биле. Па кратко ќе те остават да заздравиш. Потоа велат – еве го упатството. Соберете ги овие 2 илјади документи. Трае вечно, но кога тоа ќе го завршите, ќе ви дадеме инјекции од кои ќе бидете сосема луди. Па ти ги даваат. Но, и други се соочиле со тоа. Па сега се во ред.

Потоа се боцкаш. Во стомакот, рацете, бутовите, каде што сакаш. Или каде што уште нема модринки. И повторно сите знаат некој на кого истото му се случува. И по 10 пати. Па, сè на крајот било во ред.

Ништо не е во ред. Но, премолчуваш. За тие добри намери. Потоа повторно анестезија, па игли. Па велат овој дел не боли. А ти не можеш да одиш со денови. Потоа чекај нешто да никне. Три дена како месец да се. Потоа враќај го назад посеаното. Па повторно чекај. Па вади крв. Еднаш, па втор пат. Па повторно чекај. Потоа ќе успее. И сите се радуваат повеќе од тебе. Бидејќи си парализирана од страв. И така 9 месеци.

Чекаш дали нешто ќе тргне на лошо. Бидејќи сите знаат и некој таков. Иако на крајот сè било во ред.

И потоа го раѓаш. Ги трпиш сите резови и конци. И крв и камења во градите.

И некој ќе ти каже – не навикнувај го да ти биде постојано в раце.

Извор



912

X