Додека растев, имав јасна визија за животот кој сакав да го изградам: успешна кариера, удобен дом, сакан сопруг и четири прекрасни деца – идеално би било две момчиња и две девојчиња – сите блиски по возраст, по една година разлика. Замислував дека ќе ги наследат кафените очи од моето семејство и ќе бидат браќа и сестри кои добро ќе се однесуваат и нема да се караат.

Четири деца звучеше прекрасно на секој начин. Сакав голем, разигран дом, исполнет со топлина и љубов. Како најстаро од трите деца додека растев, развив произволна спротивставеност кон „чудната“ бројка на деца – секогаш сакавме уште еден брат или сестра плус, за нашите тимови да бидат еднакви. Четири деца изгледа како одлична бројка, но и ниво со кое може да се справам, но во согласност со моите тогашни поставени стандарди (без деца).

Враќање во реалноста: Имам две деца. Нема да имам повеќе. И знаете што? Навистина сум среќна поради тоа. Всушност, идејата да се има трето дете ми предизвикува паника, бидејќи ЗАВРШИВ со тоа. Моите раце се преполни – прекрасно, среќно исполнети – и јас не сум ниту ментално ниту физички спремна за повеќе деца. Моето срце е задоволно и моите „бејби“ фактори се веќе затворени, без ни малку каење.

Не го зборувам ова затоа што моите деца испаднале ужасни чудовишта (не се такви повеќето денови). Туку, затоа што само преку искусување на самото мајчинство можеме да сфатиме што претставува тоа за нас. Ова е процес и на практично и на емоционално ниво. Сè додека не навлеземе во мајчинството, како ќе знаеме каде ќе нè однесе тоа? Колку и да знаеме каков родител сакаме да бидеме, сè е шпекулација додека навистина не го живеете тоа. Сепак, кој родител рекол дека „никогаш“ нема да направи или дозволи нешто и на крајот токму тоа и го сторил? Сите од нас. СЕКОЈ ОД НАС.

Не очекував дека ќе бидам толку анксиозна мајка. Чувствителна сум, емоционална и екстремно посветена на своите деца, на сопругот, на личните интереси и кариерата. Се „фрлам“ себеси во сите овие работи и на крајот од денот ништо не ми останува да дадам. Среќна сум, но исцрпена.

Некои родители може да гледаат четири, шест или повеќе деца. Не сум сигурна дека јас сум тој тип на човек. Четири деца за мене беше прекрасна визија, но две е задоволувачка реалност – за мене. Помалку е стресно и од финансиски аспект. Тоа ни дозволува повеќе да патуваме. Не морам да возам комби! Можам да им го дадам времето и вниманието на децата, а сепак да ги одржувам кариерата и сопствениот живот. Дали другите луѓе можат да го менаџираат својот живот со многу поголемо семејство? Се разбира дека да. Но, јас не можам.

Идеалната бројка за деца е различна за сите, и во однос на очекувањата и во однос на реалноста. Семејство со едно дете не е помалку валидно или совршено во однос на семејство со повеќе деца. Секој родител е уникатен, а исто така и секое дете. Две деца може да даваат впечаток на милион деца, или пак како недоволни, во зависност од играчите што се вклучени. Лично, јас напредувам кон истото ниво на хаос, кое во моментов постои во мојот дом.

Еве и една исповед: мојата желба за големо семејство траеше и во мојата втора бременост, па дури и за време на раниот период од животот на моето помало дете. Беше наше второ дете, но тоа не значеше дека ќе биде и последно. Но, со текот на времето тоа се промени.
Понекогаш мислам дека мојот син беше оној после кој одлучив дека нема да имам повеќе деца. Знам дека мојата матка се затвори после тоа дете. Тој стана главното финале од типот: ентузијастична, сакана, паметна, супер емоционална личност која бара повеќе од мојата енергија отколку една една просечна мечка. Не сум сигурна дека може да бидам мајка на двете деца на нивото кое го заслужуваат или бараат ако има уште едно дете плус во семејството. Тоа значи да си ги разбереш сопствените сили и ограничувања. Но, сепак, знам дека сум најдобрата мајка што можам да бидам со две деца: ни помалку ни повеќе. Не е до нив, јас сум во прашање. (Добро малку се и тие во прашање)

Не сум тажна за децата што ги имам. Вистината е дека имам сè што сакам и сè што ми треба, а нашето семејство се чувствува целосно. Едноставно е: Не го сакам она што мислев дека го сакам. Сакам да сум им мајка на моите две неверојатни деца со високи нивоа на енергија. Да, понекогаш прават нашата куќа да изгледа како зоолошка градина, но сепак имам чувство дека сум дома. Мојот нов сон е ДВЕ и го живееме добро.

Автор: Ерин Пеплер



912

X