Душко Радовиќ на тема децата и училиштето:
„Предметната настава ги укинува учителите, а тие се единствените вистински воспитувачи. Во оној момент кога децата остануваат без својот учител, престанува воспитувањето, а почнува образованието“.
„Трагично е како децата, штом тргнат на училиште, ги губат чистотата и ведрината на индивидуалното сознание, доживувања и смисла за автентична интерпретација. Училиштето и практичниот живот им наметнуваат шаблони и догми, па наместо радоста на доживувањата, децата прифаќаат рутинско препознавање на голите функции на работите и појавите“.
„Училиштето не смее да личи на болница каде што децата се лекуваат од животот и здравјето, од љубопитноста и активноста, од сопствените искуства и креации“.
„Деца, можете ли да замислите каков е животот штом од лулка до гроб најубава била училишната доба?“
„Не е убаво ова да му се каже на училиштето, но не е ниту лошо, ако може да биде од корист: треба подобро да се познаваат децата и повеќе да се почитуваат нивните можности. Но ние прво сме ги измислиле училиштата, па дури потоа сме утврдиле дека немаме доволен број соодветни деца“.
„Не постојат добри и лоши, туку само различни деца. А со различни деца мора да се занимаваме на многу различни и деликатни начини“.
„Децата што немаат среќа со семејството би морале да имаат малку повеќе среќа со училиштето. Училиштето би морало да го знае и да го сака она што родителите не го знаат или не сакаат да го знаат“.
„Здрави, ведри, зачувани и неповредени деца – по секоја цена, макар и по цена на знаењето! – тоа би била благородната задача на воспитувањето“.
„Повеќе шанси имаат оние што се провлекуваат низ училиштето, што се штедат, затоа што знаат дека ги чека уште едно големо полувреме од животот“.
„Визијата децата да станат идни службеници или чиновници, со класи и плати, со углед и функции – тоа е таа училишна и општествена Бабарога која ја игнорира личноста, а ги унапредува послушноста и медиокритетството“.
„Колку многу, дури и денес, паметни, зрели и посебни деца се навредуваат, понижуваат и дисквалификуваат со суровите критериуми на училиштето, општеството и семејството: колку вредиш, можеш да докажеш единствено преку школските оценки“.
„Имав среќа да се дружам со многу паметни луѓе, а јас сметам дека од такви луѓе најмногу се учи, многу повеќе отколку од книгите, многу повеќе отколку во какво било училиште!“
„Добро е да се има татко и мајка, но уште подобро е да се има тато и мама. Сите татковци и мајки ги малтретираат своите деца и се изживуваат врз нив, но само со тато и мама може искрено да се разговара за тоа“.
„Младите мора да живеат ноќе – бегаат од деновите кои се окупирани од нивните татковци и дедовци“.
„Сакајте ги вашите деца и кога се виновни затоа што животот ќе ги казнува и кога нема да бидат“.