Сè почести се расправите за поставување граници на децата, а родителите на крајот се тие што ги поставуваат. Но, ако успеете да поставите граници, за жал, децата повторно ќе се обидат да ги поместат или срушат. Сето ова изгледа како тешка задача.

Додека децата се мали, овој процес изгледа како однапред изгубена битка. Границите се потребни секаде – за време на оброците, играта, пред спиење, при однесувањето кон братот или сестрата, пријателите, постарите лица. Со поставувањето граници ги учиме децата како да комуницираат во семејството, но и со другите личности во нивниот живот. Мајките што тврдат дека немаат време за ништо, веројатно не им поставиле некои јасни правила на своите деца, па многу време и енергија трошат за да ја совладаат секојдневната рутина.

Поставените граници ве прават подобар родител

Педијатарот Крупа Плејфорт објаснува дека поставувањето граници не ве праву лош родител, туку ве прави подобар. Така воспоставувате примери за однесување кои позитивно ќе влијаат врз животот на вашето дете. Поставувањето граници на едно дете го учи да препознае каде му се ограничувањата, а децата учат преку структура. „Со доаѓањето на пандемијата многу родители чувствуваат вина. Децата се лишени од многу корисни содржини, па родителите се чувствуваат лошо. Затоа, постои опасност да се откажат од некогаш поставените граници за да ги расположат децата. Ако децата откријат дека може да ве намолат за еден час повеќе на мобилен телефон или дополнително слатко задоволство, повеќе не уживаат ниту во мобилниот ниту во слатките – вели Плејфорт.

Како да се задржат границите?

Кога му поставувате граници на своето дете кое оди во градинка, неколку работи мора да ги имате на ум. Прво, јасно треба да му кажете на детето што му е дозволено, а што не. Ако детето го предупредите, на пример, дека за кратко време треба да престане со играта и да почне да се подготвува за спиење, полесно ќе ја прифати промената и ќе ја прекине омилената активност. Потоа, важна е доследноста бидејќи им дозволува на децата и на родителите да знаат што треба да очекуваат, па и едната и другата страна се радуваат на резултатите од договорот, на пример, родителите се радуваат што детето навреме ќе отиде на спиење, а децата ќе имаат подобро расположение и волја бидејќи се наспале и повеќе ќе уживаат во играта следниот ден. Трето, Плејфорт предлага да им дозволите на децата одредена контрола, на пример, обидете се да се договорите така што детето ќе се согласи, на пример, секоја вечер, по една прочитана приказна, да оди на 8 часа спиење. Или, дозволете му самото да ја избере приказната што ќе ја читате пред спиење откако во договореното време морало да ја прекине играта.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X