Потребно ви е време за себе? Ако сте родител, тогаш мала е веројатноста да го најдете.

Ново истражување открива дека родителите имаат само 32 минути што можат да си ги посветат на себе. Третина од родителите велат дека имаат обврски околу нивните деца до 20 часот.

Истражувањето, спроведено од компанијата „Мунчери“, открива дека слободното време на родителите е неконвенционално, ако не и непостојно, ако родителите работат полно работно време – тие поминуваат 18 часа грижејќи се за своите деца. 24 отсто од родителите поминуваат повеќе од 30 часа секоја недела грижејќи се за своите деца, покрај другите одговорности.

Тука се додадени и шест возења со автомобил неделно во кои е вклучено носење и земање на децата од училиште и од други разни активности. На овие, додадени се уште пет возења за пазарење и справување со децата кои се однесуваат несоодветно или се немирни, во просек петпати неделно.

Ваквиот распоред не е базиран на изобилство од слободно време.

Натрупаните распореди на родителите негативно влијаат врз нивната исхрана, велат податоците. 84 отсто од родителите признаваат дека се премногу зафатени за да готват, а 96 отсто се изјасниле дека бидејќи немаат доволно време да готват, јадат помалку здрава храна.

Всушност, родителите се толку зафатени што всушност прескокнуваат 227 оброци годишно.



912

X